Kiprian Slovo

Во Божикното послание за 2022 година, Митрополитот на Стара Загора г. Кипријан уште еднаш недвосмислено ја осуди војната против Украина

BG – UA – FR – EL – ESENRUSPL

Превод: Методиjа Петрески

Забелешка од Doxologia Infonews: Подолу можете да прочитате делови од Божикното послание на митрополитот Старазагорски Кипријан за 2022 година. Оваа порака е единствена меѓу сите пораки на бугарските митрополити, вклучително и на патријархот, кој јасно, категорично и недвосмислено ја осудува војната против Украина, убиствата на невини Украинци, како и нападот врз цивилната инфраструктура. Кипријан користи изрази што досега ниту еден бугарски архиереј не се осмелил да ги употреби. Категорична и недвосмислена беше и неговата изјава за рускиот напад на 24 февруари годинава. За одбележување е и тоа што митрополитот не ја заборави и другата жешка тема за која ниту еден друг митрополит не се осмели да ја коментира – пандемијата на коронавирус. Митрополитот се осврнува на борбата на лекарите со оваа пандемија.

„Возљубени во Господа, браќа и сестри,

чеда на Светата Православна Црква,

Големиот и светол празник Рождество Христово повторно допира до нашите срца! Уште еднаш Витлеемската ѕвезда изгрева за да ги загрее и да им даде добра надеж на нашите души. Детето од јаслите во Витлеем, држејќи го целиот свет во Своето мало срце, љубезно нè гледа за да можеме целосно да ги почувствуваме зборовите на свети апостол Јован: „Бог е љубов“ (1. Јованово 4,8).

Раѓањето на Спасителот на светот е нова ера во светската историја, почеток на христијанската духовност и култура, големо чудо на Божјата љубов, јасен знак дека „Бог толку го возљуби светот, што го даде Својот единороден Син, за секој кој верува во Него да не загине, туку да има живот вечен“ (Јован 3:16).

(…)

Пандемијата „Ковид-19“ ги собра лекарите, медицинските сестри, персоналот и сите извонредни во нивното секојдневие браќа и сестри кои тивко и верно дадоа сè за да се надмине тешкото искушение. Добрата волја нè мотивира да заборавиме на нашата себичност и да гледаме кон другиот. Да ја сфатиме неговата болка и дека тој е дел од нас и ние сме дел од него, дека сите сме Божји деца. Да не ја заборавиме оваа животворна благодат и да носиме во нашите срца добрина и љубов, вера и надеж, сега и во иднина.

Песната на ангелскиот хор нè повикува и нас да имаме мир на земјата, а сега светот е во војна. По пандемијата дојде ново страдање. Сведоци сме на непријателства на територијата на една суверена држава, кои однесоа многу животи и продолжуваат да го прават тоа. Неговиот оган не престанува да носи многу страдања на цивилното население на Украина и да ја уништува инфраструктурата и сите дела на рацете човечки. Светската заедница, локалните цркви и сите луѓе од верата го осудија ова крвопролевање со еден глас и повикаа да престане што е можно поскоро. Нека и во Божикната ноќ не ја забораваме болката на страдалниот украински народ, да се молиме за него и за мирното разрешување на овој конфликт, како и на сите судири по земјата, за да настапи траен мир, Божествен мир.“

Како заклучок, тој на сите им го честита Божик и посака празникот да донесе утеха за секое срце кое бара правда.