Руското лоби во Кипарската Црква на дело: Неговото Блаженство веднаш да го отфрли овој антиканонски и неважечки акт

In other languages: GRBG

Митрополитите на Кикос Никифор, на Лимасол Атанасиј, на Тамасос Исаија и Аматунскиот епископ Николај во општа соопштение го повикуваат Неговото Блаженство Архиепископот Кипарски г. Хризостом веднаш да го отфрли, овој како што тие кажуваат „антиканонски и неважечки акт“ за признавањето на автокефалијата на Православната Црква на Украина со спомнувањето на името на Киевскиот Митрополит и на цела Украина г.г. Епифаниј. Антиканонско е нивното поведение, а не тоа на кипарскиот архиепископ! Немаат срам! Целиот свет знае, дека трите бизнис митрополити имаат економски односи со руските мафиозни олигарси и престапници! Бидејќи не им се допаѓа Црквата на Кипар, нека одат во Московската Патријаршија…

Денес, порано Кипарскиот Архиепископ г.г. Хризостом го спомна во своите диптиси името на Киевскиот Митрополит г.г. Епифаниј.

По завршетокот на божествената литургија тој даде интервју за ΚΥΠΕ, каде изјави: „Моето решение за Украина е од корист за Православието и Црквата на КипарBG“.

Општо соопштение

Денес, сабота 24 октомври 2020 со голема вознемиреност, но и со длабока тага бевме известени за споменувањето на Епифаниј како „Претстојател на Украинската Црква“ од страна на Неговото Блаженство Архиепископот Кипарски г.г. Хризостом, за време на божествената литургија во свештената обител Богородица Хрисороијатиса, каде беше и епископската хиротонија на Преосвештениот Епископ Арсинојски г. Панкратиј.

  1. Горепосочениот акт на архиепископот претставува јавно нарушување на синодското, колективното и демократското управување на Православната Црква на Кипар и нејзиното функционирање врз основа на овој систем.
  2. Проблемов беше поставен од Неговото Блаженство на неодамнешното заседание на Свештениот Синод (9 септември 2020) и тогаш беше решено, да се разгледа на друго заседание, за да бидат чуени мислењата и позициите на сите членови на Свештениот Синод и да се донесе синодално решение по ова прашање (ова е противканонски, бидејќи никој Синод нема право да носи решение за веќе издадено решение на Вселенската Патријаршија, во случајов Томос за автокефалија – забелешка на редакцијата).
  3. Издигањето на Епифаниј како „Претстојател на Украинската Црква“ од страна на Сесветиот Вселенски Константинополски Патријарх г.г. Вартоломеј, кое беше извршено неодамна, предизвика напукнување на единството на Православната Црква; бидејќи до денес само Грчката Црква и Александриската Патријаршија од причини, кои не се предмет на сегашното соопштение, го признаа. Сите останати помесни Православни Цркви имаат негативен став по тоа прашање (целосна лага, само Руската и Српската Патријарија се со таков став – з.ред.). [Редно е тука да се забележи, дека за време на хиротонијата на Епифаниј, немаше ниту еден претставник на помесна Црква, што и да означува тоа].
  4. Прокламираниот од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј за „Претстојател“ на Црквата на Украина Епифаниј, воопшто не е канонски ракоположен и тоа е така, зашто тој произлегува од схизматични групи на Украинската Црква. Ако Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх сакаше валидно да го продолжи номоканонскиот ред за давање на автокефалија на Црквата на Украина, тогаш тој требаше да се обрати кај канонскиот Митрополит на Киев г. Онуфриј (тој е неканонски Митрополит на Киев – з.ред.) и освен тоа да има согласно мислење со Московскиот Патријарх, на кој е потчинет (никогаш Киевскиот Митрополит не бил потчинет на Московскиот Патријарх – з.ред.), како и согласно мислење на претстојателите на останатите помесни Цркви (таков номоканонски ред, никогаш не постоел во Православната Црква, предложената варијанта е толкување/идеологија, сочинета во Москва, кое претставува еклисиолошка ерес – з.ред.).
  5. Актот на Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј да даде „автокефалија“ на схизматичките структури на Украинската Црква претставува произволно, антиканонско и антиеклисиолошко дејство, во смисла, дека Православната Црква на Украина припаѓа во диоцезата на Московската Патријаршија (никогаш не била дел од диоцезата на Московската Патријаршија – з.ред.) и претставува, како што претходно забележавме, мешање во диоцезата на горепосочената Патријаршија. Освен тој факт, Црквата на Русија, реагира и праведно го прекина црковното општење со Вселенската Патријаршија, како и со Еладската Црква и Александриската Патријаршија (на овој начин таа го прекина општењето со Православната Црква – з.ред.).
  1. Давањето на автокефалија е разбирливо и возможно, според свештените канони и праксата на нашата Црква, само ако е обезбедено претходно одобрение од претстојателите на помесните Цркви (ова е еклисиолошка ерес, сите нови автокефални помесни Цркви добиле свои Томоси од Вселенскиот Патријарх, со решение на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, а не по согласност со останатите претстојатели – з.ред.). Во овој случај, Вселенскиот Патријарх, независно од тоа, кое го кажуваат свештените канони (чиста лага – з.ред.) и во спротивност со неговите поранешни изјави (чиста лага – з.ред.), дејствуваше еднострано и самоволно. За жал, овој пример го следи и претстојателот на Црквата на Кипар, прескокнувајќи и заобиколувајќи го Свештениот Синод, чиј претстојател е самиот тој.
  2. Решението на Кипарскиот Архиепископ да го (с)помене како „Претстојател на Украинската Црква“ Епифанија, доаѓа за уште повеќе да ја задлабочи напрегнатата ситуација меѓу Православите Цркви, да ја засили застрашувачката за единството на Вселенското Православие схизма, како и лекомислено да ја втурне во оваа ситуација и Црквата на Кипар.
  3. Го повикуваме Неговото Блаженство веднаш да го отфрли овој антиканонски и неважечки негов акт и истовремено бараме од сите наши браќа архиереи од Црквата на Кипар, да побараме вонредно свикување на нашиот Свештен Синод, за да се разреши ова прашање на погоден начин.
  4. На крајот сме должни да го одбележиме и значењто за неважечкиот акт на нашиот поглавар, со оглед, се разбира и на критичниве времиња, низ кои минуваме, во однос на нашето национално прашање, но и заканувачките дејствија, кон кои прибегнува турската експанзионистичка ненаситност, која ја застрашува со ограничување нашата нација.

Сето горенаведено, го сведочиме со чиста совест, осознавајќи ја нашата архијерејска совест и свештен долг за да го зачуваме канонскиот ред (тоа не е канонски ред, а московски ред – з.ред.) и единството на Црквата, за избегнување на смртоносниот грев на схизмата, оти според свети Јован Златоуст „ниту крвта на мачеништвото нема да го измие гревот на схизматаBG

Никозија, 24 октомври 2020


1Овие зборови на свети Јован Златоуст сите московски агенти ги злоупотребуваат и ги кажуваат како мантра, без да разберат каква е вистинската им смисла. Свети Јован Златоуст изјавува, дека схизмата е толку тежок грев, што дури и крвното мачеништво не може да го измие, а не дека не може да биде измиен! Тоа се две различни нешта. Тоа е лукавство со зборовите на светиот отец на Црквата. На такви подвластени на Москва епископи, митрополитот на Нигерија г. Александар им одговара: „Што ќе го измие нашиот грев како пастири на Црквата, бидејќи не ја даваме дури и сопствената крв, за да се излекува раната на схизмата?

На сликата: Архијереите на Синодот на Кипарската Црква. Од 17 само 4 се руски агенти!

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal