Претседателот на Република Северна Македонија г. Пендаровски се сретна со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во Фанар | VIDEO & ФОТОГРАФИИ

In other languages: BGGREN


Со Вселениот Патријарх Вартоломеј разговаравме за отворените прашања во православниот свет.

За решавање на статусот на МПЦ – ОА и нејзино враќање во канонско единство со останатиот православен свет и за улогата на Вселенската Патријаршија во надминување на црковниот спор“, напиша Пендаровски на својата Facebook страница

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска во Истанбул оствари средба со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, јавува Агенција Анадолија (АА).

Пендаровски во рамки на неговата работна посета на Република Турција ја посети црквата „Свети Ѓорѓи“ во Истанбул, каде што доби информации за оваа црква.

По посетата на црквата, Пендаровски се состана со Вартоломеј. Претседателот на Република Северна Македонија изрази задоволство што се наоѓа во Турција, каде што рече дека реализирал посети и имал различни средби.

Покрај ова, на средбата се разговараше за прашањето за решавање на статусот на Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија и во таа прилика претседателот Пендаровски потенцираше дека Вселенскиот Патријарх има особена улога во надминувањето на црковниот спор. Истовремено претседателот Пендароски повика на што поскоро надминување на спорот, затоа што како што посочи, раната на едно место во православниот свет боли во целиот православен свет.

Упатувам благодарност до вас што во услови на пандемија го прифативте нашиот предлог за реализирање средба. Пред 19 години ја посетив Патријаршијата. Тогаш ми подаривте крст за мојата сопруга и за моето тогаш сè уште неродено дете, и упативте молитви за нив. Беше убав спомен. Многу сум среќен што повторно се сретнав со вас“, рече Пендаровски, упатувајќи благодарност до Вартоломеј за оваа средба.

Од друга страна, Вартоломеј упати благодарност до Пендаровски за неговата посета, посакувајќи неговата посета на Турција да има добри резултати.

За нас е особено важно и среќно што постојат добри односи помеѓу Северна Македонија и Турција. Вашето присуство на Дипломатскиот самит во Анталија е индикатор на овие добри односи. Ќе се молиме вие и целиот свет да живеете во мир, и мирот помеѓу соседните земји да биде постојан. Го поддржуваме мирот помеѓу земјите од Балканот. Посакуваме сите земји од Балканот да влезат во Европската Унија. Исто така, посакуваме и Турција, која веќе долго време е кандидат, да стане членка на Европската Унија. Како Вселенска патријаршија, го поддржуваме членството на Турција во Европската Унија“, рече Вартоломеј.

По тет-а-тет средбата, делегацијата на Република Северна Македонија и службениците од Патријаршијата се фотографираа.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal