Митрополитот на Неа Јонија Гаврил го посети Фанар за црковното прашање во Република Северна Македонија

In other languages: GRBG

Автор: Doxologia INFONEWS

Превод: Методиjа Петрески

Денес на 2 октомври 2020, Високопреосвештениот Митрополит на Неа Јонија г. Гаврил (Грчка Црква) ја посети Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

По ексклузивната информација на Romfea.gr митрополитот Гаврил, по сѐ изгледа го посетил Фанар по наредба на Атинскиот архиепископ г.г. Јероним.

Истата информација говори, дека на средбата се поставило прашањето за автокефалијата на Црквата со наложена схизма во Република Северна Македонија – Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Доброинформираните извори одново на Romfea.gr изјавуваат, дека митрополитот на Неа Јонија Гаврил ја споделил пред Вселенскиот Патријарх грижата на Неговото Блаженство Атинскиот Архиепископ г.г. Јероним во однос на ова црковно прашање.

Вселенскиот Патријарх разменил мислења по ова прашање со митрополитот на Неа Јонија, информирајќи го за заложбите на Мајката Црква по истото.

Од Romfea.gr тврдат, дека не изгледа, оти Вселенскиот Патријарх сака да додели автокефалија на Црквата, која се наоѓа во схизма во Република Северна Македонија.

Оваа последна информација е многу сомнителна, имајќи предвид дека сајтот Romfea.gr ги исполнува нарачките на Москва, како за манипулирање по прашањето за автокефалната Православна Црква во Украина, исто така и за црковниот проблем во Република Северна Македонија.

Според наши извори, единствениот проблем на архијерејите на Грчката Црква е во однос на името на идната автокефална Црква во Северна Македонија. Тие не се против давањето на автокефалија. Ова е важно разјаснување. Според нашите информациии и архиереите на МПЦ-ОА исто така се склони во однос на името сврзано со зборот „Македонија“.

Во однос на тоа, што ќе направи Вселенскиот Патријарх, тој изјави уште на почетокот на оваа година, дека „Српската Црква и Црквата во Северна Македонија треба да стигнат до взаемно прифатливо решение во однос на црковниот проблем“. Следниот чекор, односно Томосот за автокефалија е најлесен. Но, тоа е решение, кое ќе го донесе Неговата Сесветост. Редно е никој да не се меша во неговите решенија.

Нашиот совет (да нема забуна преведувачот се оградува од давање на совети на своите архиереји – з.п.) кон архијерејите од МПЦ-ОА е да воспостават контакт со архијерејите од Српската Црква во однос на схизмата, како и контакт со Вселенската Патријаршија во однос на давањето Томос за автокефалија. Во овие преговори не бива да се допушти мешање на трети страни, кое ќе доведе до целосна пропаст на сите овие настојувања.
Со сигурност Московската Патријаршија нема интерес од разрешување на проблемот со схизмата на Црквата во Северна Македонија, како и со давањето на Томос за автокефалија од Мајката Црква.

Другото прашање, кое треба да го решат архиереите од Црквата со наметната схизма во Република Северна Македонија е во однос со името на едната Црква. За тоа прашање треба да воспостава контакт со архијерејите од Грчката Црква.

Проблемите се решаваат со љубов, разбирање и взаемно уважување, но сепак на последно место не смеат да се стават и отстапките.

При разрешувањето на црковниот проблем, пред сѐ неопходно е црковно сознание и многу помалку патриотско или националистичко настроение. Разрешувањето на овој црковен проблем треба да стране врз основа на свештените канони на Православната Црква.


Забелешка на преведувачот:

Текстот е личен став исклучиво на уредниците на Doxologia INFONEWS. Преведувачот се оградува од било каква вмешаност при неговото пишување.

✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎