Начало » Other languages » Македонски » Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

Средба на претседателот Пендаровски со поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан

BGEL

Претседателот Стево Пендаровски го прими поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, г.г. Стефан.

Тема на разговор на средбата била актуелната ситуација со решавањето на статусот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и надминувањето на црковниот спор, се вели во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Претседателот изрази честитки за признавањето на каноничноста на нашата црква од страна на Вселенската Патријаршија, со што се отвора просторот за градење на духовно единство со православниот свет и го оцени чинот како признание за нејзиниот историски континуитет со древната Охридска Архиепископија.

Поглаварот на МПЦ г.г. Стефан го информираше претседателот Пендаровски за наредните чекори во процесот на целосно заокружување на автокефалноста на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, за што и двајцата соговорници се согласија дека е од врвен национален интерес, стои во соопштението на Кабинетот на Пендаровски.

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal