Начало » Other languages » Македонски » Епископот Антаниски Партениј и целото монашко братство и сестринство на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј | ФОТОГРАФИИ

Епископот Антаниски Партениј и целото монашко братство и сестринство на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј | ФОТОГРАФИИ

BG


Епископот г. Антаниски, игумен на Бигорската Обител и целокупното монашко братство и сестринство, од четирите манастири – Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино,  вчера биле на средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј, во Фанар седиштето на Вселенската Патријаршија.

Фотографиите, што од средбата, ги објави Бигорски покажуваат величествен прием во Патријаршискиот храм, на кој присуствувал и Митрополитот Халкидонски, г. Еманиул.

Ова е прв пат волкава делегација на МПЦ-ОА, со толку многу монаси, да биде примена од Вселенскиот патријарх и да и биде укажана толку голема почит како на рамноправни Христови браќа. Монасите и епископот г. Партениј на патувањето биле со благослов на надлежниот Митрополит г. Тимотеј.

Познавачите на состојбите велат дека ова е голем исчекор од страна на Вселенската Патријаршија и го трасира патот по кој треба да се очекува решавање на македонското црковно прашање.

Интересо е што оваа посета на Вселенската патријаршија доаѓа само една недела по учеството на монашкиот хор на Бигорски на меѓународниот фестивал на византиско пеење во Атина и по посетите на Грчката православна црква.

– Вселенскиот Патријарх уште еднаш ја покажа својата огромна љубов кон Црквата Божја, како вистински татко на православните. Тој изрази голема почит кон нашиот духовен татко и Старец, кој имаше посебно обраќање кон Неговата Сесветост. Пред Патријархот, исто така, беше прочитано и монашко послание од името на сите наши браќа и сестри. Потем, свое пригодно обраќање имаше и Сесветиот Патријарх, во кое ја искажа својата татковска грижа за сите нас и за Црквата наша. Накрај сите си зедовме благослов од него, целивајќи му ја светата десница, велат од Бигорски за посетата на Вселенскиот патријарх Вартоломеј, потенцирајќи дека средбата во Фанар била вистински духовен празник, исполнет со радоста на Воскресението.

-Посетата на Вселенската Патријаршија ја исползувавме и за поклонение на големите светињи во Цариград, на чесните мошти на Светите отци наши Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, како и на Светите маченички Ефимија и Соломонија и на Светата царица Теофана.  Си заминавме од Царицата на градовите исполнети со голема благодат и уверение во татковската закрила на Сесветиот Патријарх г. г. Вартоломеј. Константинопол, Царицата на градовите. Фанар, Вселенската Патријаршија. Духовното достојание на Светиот Апостол Андреј Првоповиканиот, на Светите Патријарси Јован Златоуст, Григориј Богослов, Фотиј Велики и на многу други светила на Црвата; Првопрестолната Мајка Црква на целото Православие, незаодниот светилник на апостолската вера, неугасливиот факел на Божјата благодат кој со евангелскиот оган просветил многу народи, вклучувајќи го и нашиот – вчера заблеска за нас со уште зрак на Божјата благодат, велат од Бигорски по средбата.

Извор: religija.mk

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal