Хиротонии на нови митрополити на Грчката Црква

In other languages: EL – ENBG


Превод: Методиjа Петрески

Денес на 8 октомври 2021, попладне, Свештената Ерархија на Грчката Црква го заврши своето последно заседание за оваа година. На последното петто заседание беа избрани нови митрополити на четирите овдовени митрополии на Лангадас, Костур (Касторија), Кукуш (Килкис) и Перистери, како и на митрополијата на Тира.

Во католиконот на манастирот „Успение Богородично“ во Пендели по затворањето на овогодинешната Ерархија, духовниците – избрани за нови митрополити ги прочитаа своите опширни посланија, во присуство на Неговото Блаженство архиепископот на Атина и на цела Грција г. г. Ероним и останатите архиереи (митрополити и епископи) членови на Свештената Ерархија на Грчката Црква.

Исто така објавено е и соопштение за јавноста во кое подробно е изложен изборот на гореспоменатите петмина митрополити, како и за датумите за нивни хиротонии.

Хиротонии на изгласаните нови митрополити

На крајот на соопштението за јавносто се соопштува, дека постојаниот Свештен Синод на Грчката Црква, ќе заседава од 12 до 14 октомври 2021 на својата 165. синодска седница, за да се занимава со прашањата и темите од тековниот дневен ред.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal