Митрополитот на Морфу Неофит е заразен со коронавирус

In other languages: EL – ENBG


Превод: Методиjа Петрески

Последниве денови Преосвештениот Митрополит на Морфу г. Неофит имал лесни симптоми, кои наликувале на коронавирус. Вчера му е направен ПЦР тест за ковид-19, кој се покажал позитивен на вирусот.

Митрополитот Неофит, освен што е познат по своите теории на заговор, пророштва и чудопоклонство, минатата година се прочу и со одрекувањето на ковид-19, вакцините и маските. Сега тој е заразен со тоа, кое го одрекуваше и самиот беше причина за заразувањето на илјадници верни христијани, послушници на неговите антихумани и антиевангелски совети.
Во последните месеци тој се јавуваше како еден од најострите критичари на вакцините и носењето на маски.

Пред некое време митрополитот изјави, дека пандемијата од коронавирусот е резултат на телесните гревови на човештвото.

Телевизијата Alpha Κύπρου стапи во контакт со г. Неофит, кој потврди, дека е заразен со коронавирус и дека има лесни симптоми.

Неговата здравствена состојба во овој момент е добра и ништо повеќе не искоментирал.
Важно е да се одбележи, дека митрополитот Неофит не е вакциниран против коронавирус и неколкупати во своите јавни изјави категорично се спротивставуваше на сето она, што е поврзано со коронавирусот.

Тоа, кое го негираше, го фати и него. Митрополитот Неофит е глава на христијано-талибаните во древната Црква на Кипар, како и на оние, од другите помесни Цркви, кои му се потчиниле.
Бог да го просветли и да му даде разум и мудрост, да го избави од заверите и помрачувањето, во кое потпаднал, за да увиде каков грев извршил, негирајќи го вирусот, кој убил милиони и оставил последици во организмите на скоро милијарда души во светот.

Исто така спомнуваме, дека на 6 јануари 2021 тој демонстративно ги наруши противепидемските мерки во Кипар, за што беше казнет со 300 евра глоба. Потоа тој одби да ја плати глобата, поради што беше даден на суд, на почетокот на месецов. Тој одби да стави маска и затоа остана пред зградата на судот. Судијата го одложи делото за во септември 2021 г.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal