„Тази црква не е црква“ – принципот по кој ПОА функционира | VIDEO

In other languages: GRBG

Црковна организација или инструмент за остварување на нечии интерси? Што всушност е ПОА на Јован Вранишковски? За оние кои ги паметат изјавите на екс владиката на МПЦ и не е нејасно како таа функционира и како ги менува ставовите во зависност од потребите за кои се даваат изјави. Но, за оние кои не паметат, сосема доволно е само едно пребарување на интернет за да некој се увери како ПОА зборува тоа што сака соговорникот да го слушне.

Ако во 2016 година пред Соборот во Крит, иако мотивирана од свои лични причини, можеби и  лицемерно, за да го оспорат правото за автокефалност и апелација на Вселенската Патријаршија, или како сателит на РПЦ, ПОА ја застапуваше тезата  и бараше СПЦ да оди на Соброт, иако Рускиот патријарх го бојкотираше, денеска ПОА, поради веројатно повторно свои интереси, ја брани Руската црква во судиорот со Вселенската Патријаршија.

За разлика од ПОА, МПЦ-ОА и нејзиниот Архиепископ секогаш и во минатото и сега на литургиите во диптихот го споменува Вселенскиот Патријарх како прв.

Веста што грчка Ромфеа ја објави пред некој ден, за телефонскиот разговор меѓу Вранишковски и Рускиот Патријарх, ја открива суштината на функционирањето на ПОА. Меѓу зборовите што, Ромфеа ги пренесува се и оние дека Вранишковски му ги кажал на Рускиот патријарх дека „Православната црква никогаш немала и не може да има единствен центар според моделот на Римокатоличката црква“, мислејќи на односот на Вселенската Патријаршија, и акцентирајќи дека Украинската православна црква е „целосна апостолска црква, која доброволно избрала да остане под јурисдикција на Московската патријаршија и да ужива во нејзината автономија во границите на Руската православна црква.

-Српската православна црква ја почитува организациската структура на Московската патријаршија, чиј составен дел е самоуправната украинска православна црква предводена од неговото блаженство митрополитот Киевски и цела Украина, и тој останува чувар на догми, односно, тој ќе биде на страната на вистината и нормалниот поредок , рекол Вранишковски.

Но, ако Вранишковски се прслуша самиот себе од пред неколку години, кога зборува за расколот и за одност на останатите цркви кон Вселенската патријаршија, тогаш ќе сфати дека во актуелниот случај Фанар-Москва, Рускиот патријарх е расколникот. Логично по зборовите што Јован ги кажува тој во Москва служел со расколничката руска црковна организација.

Во видеото е целосната изјава, но за акцентирање е делот во кој јован вели: Ако една црква одлучи самоиницијативно да прекине сослужување со Вселенската патријаршија, тогаш таа црква е расколничка, а не Вселенската.“.

Руската црква во 2019 година го прекина сослужувањето со Вселенскиот патријарх, по издавањето томос за автокефална црква во Украина.

Извор: Religija.mk

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal