Се престави во Господа Митрополитот Старец на Никеја г. Константин

In other languages: GR – ENBG

Превод: Методиjа Петрески

Денес, четврток, 8 април 2021, на возраст од 92 години се престави во Господа Високопреосвештениот митрополит старец на Никеја г. Константин. Блаженоупокоениот митрополит последните денови ги помина в болница, каде беше посетен од Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј.

Секогашспоменуваниот ерарх Константин (Констандинос Харисиадис) е роден во Халкидон (Кадкој) на 23 јули 1929 г. Го завршил богословското училиште на Халки во 1950 г. Ракоположен е за ѓакон на 17 декември 1950 од митрополитот на Дерки г. Јаков, а за презвитер на 22 април 1956 од митрополитот на Иконија г. Јаков. Служел како ѓакон во парохијата на свети Георгиј во Макрохори, Митрополија на Дерки (1950-1952), а потоа како архиѓакон во истата митрополија (1952-1953). На 15 ноември 1966 е назначен за наставник во богословското училиште на Халки.

На 16 јануари 1972 г. е ракоположен во патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар за титуларен епископ на Аполонијада, викарен епископ на Константинополската Архиепископија. Неговата хиротонија е извршена од митрополитот на Халкидон г. Мелитон во сослужение со митрополитите на Лаодикија г. Максим, на Родополис г. Јероним, на Иринополис г. Симеон и на Колонија г. Гаврил. Бил архиерејски намесник на намесништвото Татавла од март до јули 1972 и протосингел на патријаршијата од јули 1972 до март 1974. На 26 март 1974 е избран за митрополит на Принцевите Острови, а на 15 март 1977 за митрополит на Дерки. На 29 август е избран за митрополит на Никеја.

Бог да го прости! Царство му небесно! Вечен спомен!

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal