Се престави во Господа Митрополитот на Синада Дионисиј

In other languages: GRBG

Автор: Йордан Георгиев
Превод: Методиjа Петрески

Денес на 14 април 2021 година, на 75-годишна возраст се престави во Господа митрополитот на Синада г. Дионисиј. Блаженопочинатиот митрополит Дионисиј беше еден вистински, автентичен, скормен и исклучително музикален архиереј на Вселенската Патријаршија.

Кратка биографија

Митрополитот Дионисиј (во светот Хараламбос Сакатис) е роден на островот Прингипо (Турција) на 4 септември 1946. Ја завршил Богословската Школа на Халки во 1971. Ракоположен е за ѓакон од митрополитот на Пергам Евангел. Како ѓакон служи во митрополијата на Принцевите Острови. Презвитерската хиротонија му е извршена во 1989 од митрополитот на Листра Калиник, тогаш е и удостоен со титулата велик архимандрит на Вселенската Патријаршија.

На 15 септември 1996 во патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар е ракоположен за титуларен епископ на Синада (древен град во Фригија), од страна на митрополитот на Дерки Константин и скоро починат како митрополит старец на Никеја, во сослужение на митрополитите на Тиана Филип, на Селевкија Кирил, на Филаделфија Мелитон и на Севастија Димитриј.

Бог да го прости! Царство му небесно!

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal