ВОНРЕДНО: Бугарската Патријаршија ја потврди информацијата на Doxologia INFONEWS, дека Патријархот Неофит е сместен в болница

Снимка от архива: Патриарх Неофит (вдясно) и секретарят на Софийска Митрополия, близък до Патриарха, Ангел Младенов (вляво).

In other languages: BG

Автор: Doxologia INFONEWS
Превод: Методиjа Петрески

Откако на 12 април 2021 година Doxologia INFONEWS прва и единствена откри и соопшти, дека Неговата Светост Бугарскиот Патријарх г.г. Неофит е сместен в болница, на 15 април пресслужбата на Патријаршијата ја потврди нашата информација.

Оттаму објавуваат:

Во врска со информацијата, која се однесува на здравствената состојба на Неговата Светост Бугарскиот патријарх и Софиски митрополит Неофит, известуваме, дека светејшиот патријарх, како и секој човек на негова возраст, кој страда од хронични заболувања, кои периодично се влошуваат, пожелно е да биде испратен на болничко лекување, поради што тој замина на годишна проверка и лечење в болница. При приемот в болница, како на секој пациент, така и на Неговата Светост, беше извршен ПЦР тест за ковид-19, за кој нагласуваме, дека е негативен!

Го повикуваме верниот Божји народ да ја прими оваа информација за точна, како и да се објавуваат само информации од Св. Синод на Бугарската Православна Црква – Бугарската Патријаршија“.

Прво сметаме, дека вака предадената вест од пресслужбата не изгледа прозрачно и од Патријаршијата не кажуваат јасно поради кои заболувања Неговата Светост е сместен в болница, како и каква е неговата состојба во моментов.

Факт е, дека Бугарската Патријаршија излезе со некаква информација после разоткривањето на Doxologia INFONEWS, единствен медиум во Република Бугарија кој не ја замолчи и затскри вистината, фактот го потврдува и Бугарската Патријаршија потврдувајќи ја од нас произнесената вест, макаршто во свој стил не ја толкува јасно.

Со право сметаме, дека во овој момент Бугарската Патријаршија не е во позиција да изјавува, која вест е вистинска, а која вест е лажна, во состојба, кога служителите во Патријаршијата умислено ја прикриваат вистинската информација за здравствената состојба на Бугарскиот Патријарх Неофит, што е престапно дејание против поглаварот на помесната Црква, за да не се даде можност на верниот народ да се моли за негово оздравување. Какви се нивните цели и намери, само Бог знае. Но, порано или подоцна, тие стануваат јавни.

Истовремено, за првпат во минатите две десетлетија отворањето на новиот Парламент се спроведе без присуство на Бугарскиот Патријарх. Претседателствувачката на првото заседание на новото Народно собрание г-ѓа Мика Зајкова исто така ја потврди информацијата на Doxologia INFONEWS, соопштувајќи, дека патријархот Неофит е болен и затоа нема да учествува во официјалната церемонија. Во салата на Парламентот присуствуваа Мелничкиот епископ г. Герасим, главен секретар на Свештениот Синод, главниот муфтија д-р Мустафа Хаџи и главниот секретар на главното муфтиство г. Џелал Фаик.

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal