Цркви и куќи срамнети со земјата: Тлото во соседна Грција не престанува да се тресе од минута во минута | ФОТО

In other languages: GRBG SRB – RO UKR

Откако пред околу еден час земјотрес ја стресе грчката област Лариса, на социјалните мрежи веќе се појавија фотографии од оштетени домови, згради и цркви.

На дел од фотографиите се гледа како црква во близина на потресот буквално е срамнета со земја, додека оштетени се и многу други домови и градби.

Потресот според официјалните податоци беше со јачина од 6.2 степени по рихтер, а беше почувствуван и во Македонија, како и во главниот град.

Освен тоа истиот беше почувствуван и во Бугарија и Албанија, а според официјалните информации тлото се уште се тресе и тоа речиси на секој неколку минути.

Извор: Kurir.mk

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal