Се престави во Господа митрополитот на Полјани и Кукуш г. Емануил

In other languages: GRBGEN

Автор: Йордан Георгиев
Превод: Методиjа Петрески

Утрово, на 1 март 2021, по силен инфаркт се престави во Господа Високопреосвештниот Митрополит на Полјани и Кукуш (Полиани и Килкис) г. Емануил (Сигалис).

Кукушкиот митрополит беше примен го солунската болница „Папагеоргиу“ на 28 јануари, а по неколку дена беше интубиран поради наглото влошување на неговата состојба.

На 24 февруари митрополитот Емануил беше отпуштен од болницата. Владиката страдаше од различни хронични болести и во последно време значително беше влошена неговата здравствена состојба.

Роден е во Ермополис на островот Сирос во 1953 г.

Денес околу пладне намесникот на овдовената митрополија – митрополитот на Гуменџе, Бојмица и Ругуновец (Гумениса, Аксиуполис и Поликастрон) г. Димитриј заедно со протонсингелот на митрополијата архим. Епифаниос и локалните клирици ќе решат за датумот и организацијата на опелото и погребот, во согласност со санитарните мерки против коронавирусот SARS-COV-2.

Митрополитот Емануил и избран за митрополит на Полјани и Кукуш на 12 октомври 2009 г. Ракоположен е за епископ на 17 октомври истата година, а на 11 ноември е интронизиран во свештениот митрополитски храм „Свето Преображение Господово“ во Кукуш.

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal