Недела на светото Православие во Фанар. Епископска хиротонија на Митрополитот на Саранда Еклесиес Андреј и презвитерска хиротонија на протосингелот на Вселенскиот Патријарх Теодорос Мејмарис | Видео и фотографии

In other languages: GR – EN – UKRBG

Автор: Йордан Георгиев
Превод: Методиjа Петрески

Денес на 21 март 2021, Недела на Православието, во патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар беше отслужена патријаршиски и синодална божествена литургија, со која чиноначалствуваше Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

За време на литургијата беа извршени епископска хиротонија на изгласаниот за митрополит на Саранда Еклесиес г. АндрејBG, како и презвитерска хиротонија на новиот протосингел на вселенскиот патријарх д-р Теодорос МејмарисBG.

Освен синодалните митрополити од новиот состав на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија исто така сослужуваа и: митрополитот на Гвинеја г. Георгиј (Александриска Патријаршија), архиепископот на Антидона г. Нектариј (Ерусалимска Патријаршија, епитроп на Божјиот Гроб во Константинопол) и чернихивскиот архиепископ Евстратиј (Православна Црква на Украина), како и десетици презвитери и ѓакони.

На крајот на божествената литургија, Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј го произведе во титула велик протосингел на Светата Христова Велика Црква неговото високопреподобие Теодорос Мејмарис.

Вечен да ни е триумфот на Светото Православие!
Вечна да ни е Православната Црква!


Снимки: Никос Папахристу

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal