Московската Патријаршија го прогласи Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за “нелегитимен“ и ќе поздрави нова парасинагога во “Аман“ форма: Задлабочување на московската изолација

In other languages: BGUKRGR – RUS

Превод: Методиjа Петрески

Паднатата во еклисиолошка ерес Московска Патријаршија смета, дека „поранешниот механизам за организирање на средби на претстојателите на православните цркви, кога беа свикувани од Вселенскиот Патријарх, повеќе не функционира“, зашто според Московската Патријаршија „Вартоломеј ја изгубил својата легитимност“. Вака гласат последните скандалозни слова на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската Патријаршија Волоколамскиот Маестро Митрополит г. Иларион (Алфеев), познат најмногу како „хулител на сèBG“, произнесени во јавноста на гостувањето на емисијата „Церковь и мир“ (Црквата и светот) на ТВ „Россия 24“, и изразени на вебсајтот на Московската Патријаршија.

Вселенскиот Патријарх се присоедини кон схизмата, тој сослужуваше со схизматици и ја изгуби својата легитимност како прв меѓу еднаквите во семејството на претстојателите на помесните православни цркви. Следствено, тој дури и да свика вакви средби, можно е некои Цркви да појдат, но многу од нив ќе одбијат со различни извинувања. И тоа се должи на фактот, што тој го наруши основниот принцип на сожителство меѓу помесните православни цркви – соборноста“ – кажа митрополитот Иларион.

Тој изрази надеж, дека во 2021 ќе се спроведе нова парасинагога на „Аман“ формат.

Очигледно ќе треба да почекаме дури ограничувањата, поврзани со пандемијата, бидат олеснети. Но, таква средба е неопходна. И минатата година, бевме благодарни на Ерусалимскиот Патријарх за таа иницијатива и оваа година ние ќе ја поздравиме таа иницијатива. Се надевам, дека таквата средба ќе се оствари“ – кажа ерархот на Московската Патријаршија.

Со овие дејанија Московската Патријаршија ја задлабочува создадената од неа криза во Православната Црква и го изнесува на дневен ред прашањето за налагање на схизма врз неа, се разбира решение кое може да го вземе Мајката Црква.

А “духовниците“, кои ќе се соберат на оваа парасинагога во “Аман“ форма, согласно свештените канони, можат да бидат квалификувани како нечестиви.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal