Излезе официјалниот трејлер на долгоочекуваниот филм за животот на свети Нектариј Егински, именуван „Божјиот човек“ | VIDEO

In other languages: GR – EN – BG – UKR – PL – RO

Денес, среда 10 март 2021 г. официјално беше пуштен трејлерот на долгоочекуваниот филм за животот на свети Нектариј Егински, именуван „Божјиот човек“. Филмот се очекува да биде прикажуван оваа година во Грција, распространет од Feelgood Entertainment, веднаш штом пандемиските услови ќе го овозможат тоа.

Режисер на филмот е Јелена Поповиќ, а ролјата на свети Нектариј Егински, епископ Пентаполски ја глуми Арис Серветалис. Со него во главните улоги се американската легенда и номинираниот за оскра Мики Рурк, руската суперѕвезда Александар Петров и екипа од исклучетелни грчки актери, како Христос Лулис, Кариофилија Карабети, Никитас Цакироглу, Јанис Станкоглу, Тања Трипи, Мартилија Зварна, Јеронимос Калецанос, Јанис Анастасакис, Герасимос Скијадаресис, Василис Кукалани, Александрос Милонас, Михалис Митрусис, Кити Пајтазоглу, Михалис Иконому, Тонија Сотиропулу, Корина-Анна Гунгули, Манос Гаврас, Сарандос Геоглерис, Панајотис Маринос и др.

Филмот е во продукција на Simeon Entertainment и View-Master Films, во соработка со свештениот и велик Ватопедски Манастир и Грчкиот институт „Свети Максим Грк“, свештената митрополија на Месогеја и Лавреотики и Eurogroup Ltd.

Продукцијата се распространува со поддршка на Deep Dream, Ingenuity-FO, NP Ασφαλιστική, Ασφάλειαι Μινέττα, ΕΚΟΜΕ (Εθνικό Κέντρο Οπτικοακουστικών Μέσων και Επικοινωνίας – Национален центар за аудиовизуелни медиуми и комуникации).

Меѓународните продажби на филмот се извршенени од Pinnacle Peak Pictures (бившиот Pure Flix/Quality Flix).

Официјален синопсис1 на филмот

Популарноста на Нектариј Кефалас, митрополитот на Пентаполис, предизвикува љубомора на духовништвото во Александрија. Плашејќи се, дека тој ќе биде следниот патријарх на Александрија, Египет и на цела Африка, духовништвото го дискредитира и како резултат на тоа го лишува од свештенички чин, а потоа и го гони од Египет.

Во Атина, благодарение на својата усовршена педагошка тактика, тој станува познат и сакан од луѓето и во исто време се занимава со големо литературно дело. Но, товарот го потиска и тој решава да се пресели на островот Егина. Тој обновува разрушен манастир со своите сопствени раце и благодарение на својата слава манастирот се раширува. Манастирот всушност никогаш не е признат, дури и свети Нектариј Егински, епископот Пентаполски е неправедно обвинет за неморал. Во болницата Аретеио, непосредно пред својата смрт, тој ќе го изврши своето последно чудо.


1 Синопсисот е одговорен за претставување на најважните линии на дадено прашање, тема или филм, оставајќи ги настрана деталите и фокусирајќи се врз главното за развиток на содржината.

Со оглед на тоа, синопсисот ја дава општата идеја со најважните аспекти на филмот, кој го претставува. Кого се повикува на сиже во филм/уметничко дело, вообичаено не се вклучуваат информации за крајниот исход, така да гледачот или читателот да има можност да го открие сам – белешка на авторот.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal