Свештениот Синод на Православната Црква на Украина: Московскиот агресот ги користи украинските судии, за да ја уништи нашата Црква и држава; повикуваме на целосно спротивставување на кремаљската хидбридна агресија | ФОТОГРАФИИ

In other languages: UKRGRBG

Автор: Alexander Ivanov
Превод: Методиjа Петрески

За време на руската хибридна агресија против Украина, агресорот се обидува да врши директно или индиректно влијание врз одделни украински судии, за да ја уништи државната независност на Украина. Ова го соопшти Свештениот Синод на Православната Црква на Украина за време на своето прво заседание за 2021.

Во соопштението за јавноста, потпишано од поглаварот на Православната Црква на Украина Неговото Блаженство Митрополитот на Киев и цела Украина г.г. Епифаниј, се нагласува, дека општеството и државата треба да ги одбијат овие обиди, а виновниците треба да бидат предадени на правосудството.

За време на своето заседание на 2 февруари 2021, Свештениот Синод на ПЦУ ги разгледа распространетите информации за можното незаконско влијание на проруски политичари, поддржувачи на Московската Патријаршија, во врска со донесувањето на редица уставни судски пресуди.

Свештениот Синод нагласува, дека независноста на судската власт, донесувањето на пресуди на судовите единствено врз основа на законите, недопуштањето на надворешни мешања во правосудството, особено кога станува збор за директен поткуп или други корумптивни пракси, треба да бидат стрикно пазени. На крајот од краиштата, тоа не е само задолжение на судиите пред световниот закон, но и пред Божјиот закон.

Ерархијата напомена, дека Словото Божјо ги определува за нечестиви оние, кои поради поткупи ја искривуваат вистината за време на процес/судски спор.

Свештениот Синод е особено вознемирен од сигналите за обиди за влијание врз религиозната состојба во Украина преку судски решенија. Поконкретно, има обиди да се блокира и отфрли законот № 2662, кој ги задолжува религиозните организации со седиште во држава агресор, т.е. во Руската Федерација, да ја посочат во своето официјално именување припадноста кон нивниот религиозен центар“.

Руската Црква во Украина, како дел од Московската Патријаршија, веќе две години упорно игнорира и не го почитува овој закон, констатира Синодот на ПЦУ.

Свештениот Синод на ПЦУ ги повикува сите, независно од својата религија, да се спротивстават на хибридната агресија, која се врши од страна на Кремаљ спрема Украина, нејзината независност и слободата на вероисповед.

Истовремено Свештениот Синод одново го повикува раководството на Руската Црква во Украина, да не се надеваат на „кнезови и синови човечки“ (Пс. 145:3), на проруски политичари и на нивното влијание, а да ја прифатат вистината – томосот за автокефалија на Православната Црква на Украина, како и да стапат во конструктивен дијалог со неа.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal