Отец Јаков Крочак поставен за нов велик сингел на Светата Христова Велика Црква | фотографии

In other languages: GR – UKR – ENBG

Превод: Методиjа Петрески

Денес на 24 февруари 2021, за време на божествената литургија отслужена од Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј беше извршена хиротонија во презвитерски чин на патријаршискиот ѓакон Јаковос КрочакBG.

Потоа, тој беше ракопроизведен, т.е. беше удостоен со титулата велик сингел на Великата Христова Црква (ВХЦ).

Вества беше дочекана со исклучиво голема радост во Украина како во црковните, така и во политичките средини.

…Ученик и духовен син на канадска Украина (или украинска Канада), отец Јаков е една од клучните фигури во Фанар – столицата на првиот меѓу еднаквите, поглаварот на Константинополската Вселенска Патријаршија!

Тоа е израз на безусловната доверба во отец Јаковос и искрено почитување на целата украинска заедница и украинската парохија во Калгари, Канада, чијшто роден и верен син си останува новоназначениот отец сингел.

Украина не може да не се гордее со денешниот важен акт и важна номинација!…“ напиша на својата фејсбук страницата со голема радост и восхит г. Андриј Јураш, член на Секретаријатот на министрите на Украина.

Важно е да се спомене, дека на 30 ноември 2018, на престолниот празник вселенскиот патријарх го ракоположи во ѓаконски чин Јаковос Крочак, кој е со украинско потекло и доаѓа од свештеничко семејство од Канада.

Doxologia INFONEWS исто така се приклучува кон овие поздрави и честитки и ги искажуваме нашите најсрдечни и најтопли чувства и радост за новиот велик сингел на Светата Христова Велика Црква отец Јаковос Крочак.

ΑΧΙΟΣ! AXIOS! АКСІОС!

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal