Митрополитот на Галија г. Емануил беше избран за Митрополит Старец на Халкидон

In other languages: GR – EN – BG UKR UKR2

Автор: Йордан Георгиев
Превод: Методиjа Петрески

Денес на 16 февруари 2021 г. на своето заседание Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, под претседателство на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј го избра Високопреосвештениот Митрополит на Галија г. Емануил за Митрополит Старец на Халкидон.

До денес таа древна митрополија беше возглавена од Високопреосвештениот Митрополит Старец на Халкидон г. Атанасиј.

Треба да се напомене, дека воздигнувањето на Митрополитот на Галија во Старец (Старешина) Митрополит на Халкидон е посебно важно во овој момент за Црквата.

Според информациите на Romfea.gr за Патријаршиски Епитроп на Свештената Митрополија на Галија ќе биде поставен Ригискиот Епископ г. Иринеј.

Митрополитот Емануил (Адамакис) е роден на 19 декември 1958 г. во градот Агиос Николаос (Свети Николај) на островот Крит. Тој 18 години ја возглавуваше Митрополитската Катедра на Галија. Пред тоа беше викарен епископ на Митрополијата на Белгија.

Поставувањето на митрополитот Емануил за старец е признание за неговата работа и достојно служење во последните години.

Извор: Doxologia INFONEWS

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal