Начало » Other languages » Македонски » Излезе од печат научниот литургиски труд на архимандрит Харалампиј Ничев „Светата Евхаристија како обединувачки центар на богослужбениот живот“, како и црковен календар за 2021 на бугарски јазик, посветен на триесетгодишнината од патријархувањето на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј | Фотографии

Излезе од печат научниот литургиски труд на архимандрит Харалампиј Ничев „Светата Евхаристија како обединувачки центар на богослужбениот живот“, како и црковен календар за 2021 на бугарски јазик, посветен на триесетгодишнината од патријархувањето на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј | Фотографии

In other languages: BG

Автор: Doxologia INFONEWS
Превод: Методиjа Петрески

Од Doxologia INFONEWS ви го претставуваме научниот труд на високопреподобниот архимандрит г. Харалампиј Ничев „Светата Евхаристија како обединувачки центар на богослужбениот живот“, како и црковен календар за 2021 на бугарски јазик, посветен на триесетгодишнината од патријархувањето на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Архимандритот Харалампиј Ничев е клирик на Вселенската Патријаршија, одговорен за бугарската православна заедница во Константинопол од 2020 г. Тој исто така е одговорен и за украинската православна заедница и ефимериј1 на свештената митрополија на Пруса(Бурса).

Тој беше примен од Неговата Божествена Сесветост во Фанар, каде г. Харалампиј му ги претстави своите трудови. Поводот беше и претстојниот именден на високопреподобниот архимандрит на 10 февруари.

Еве, што напиша архимандритот Харалампиј на својата страница на Facebook:

„Денес имав голема чест, да бидам примен и благословен по повод претстојниот ми именден од Неговата Божествена Сесветост Архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и Вселенски Патријарх г.г. Вартоломеј, како мој свештеноначалник и архипастир. За време на приемот пред Неговата Божествена Сесветост ја претставив својата нова книга – научен литургиски труд: „Светата Евхаристија како обединувачки центар на богослужбениот живот“, заштитен во Пловдивскиот универзитет „Пајсиј Хилендарски“ во 2019 г. и црковен календар за 2021 година на бугарски јазик, посветен на триесетгодишнината од патријархувањето на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх Вартоломеј Први.

Слава Богу за сè!!!“


1 Ефимериј – а) свештеник кој што служи во одреден храм, б) чреден (дежурен) свештеник

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal