Вселенскиот Патријарх Вартоломеј: Мајката Црква постапи праведно, давајќи автокефалија на Православната Црква на Украина за излекување на расколот и обединување на сите Украинци

In other languages: GR – ЕN – UKRBG

Превод: Методиjа Петрески

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во своето слово во неделата на 7 февруари 2021 во Патријаршискиот храм на Свети Георгиј во Фанар, се обрати на група поклоници од Лвов, Украина и спомна за долгите и неразрушиви врски меѓу украинскиот народ и Мајката Црква во Константинопол, но и за својата намера да ја посети Украина летово, ако здравствената состојба го дозволува тоа.

Врските меѓу Киев и Константинопол, Царгород (како што Константинопол се нарекуваше на украински), останаа силни во текот на вековите, и покрај многуте преживеани предизвици. Дури и по давањето на право на Московскиот Патријарх да ракополага Митрополит на Киев, кој биваше избран од локалното духовно собрание (на украинскиот народ), Вселенската Патријаршија не ја заборави својата ќерка (Црквата), а украинските лидери воспоставија контакти со нивната Мајка Црква.

За жал, црковната ситуација во Украина, предизвикана од политичката сцена во Советскиот сојуз и следствено од нејзиното распаѓање, доведе до тажниот раскол, кој ја измачуваше вашата држава. Во текот на десетлетијата милиони украински православни христијани беа неправедно исклучени од општењето со Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква поради политичка корист.

Ете затоа, кога Украина беше целосно зрела и готова за самоуправна помесна Црква, Мајката Црква во Константинопол постапи праведно, давајќи автокефалија на Православната Црква на Украина, како начин за излекување на таа схизма и обединување на сите Украинци. Ете, затоа се радуваме, дека еден од плодовите на давањето на Томосот за автокефалија на ПЦУ, е зголемениот број на поклоници по свештените места, не само тука во Константинопол, но и по целиот православен свет.

Затоа се надеваме, дека кога пандемијата ќе стивне, сè повеќе и повеќе Украинци ќе го посетуваат ова свештено и историско место и ние ќе можеме да ги зајакнеме нашите долгогодишни врски“.

На крајот Вселенскиот Патријарх кажа, дека ја претчувствува радоста од својата посета во убавата и гостопримлива Украина ова лето, за да земе учество во чествувањата по повод нејзината триесетгодишна независност.

Потоа Вселенскиот Патријарх ги благослови поклониците и им подели мали сувенири и книги за историјата на Вселенската Патријаршија на украински јазик.

Извор: Οἰκουμενικόν Πατριαρχεῖον

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal