ВОНРЕДНО: Епископ Бачки Иринеј позитивен на коронавирусот

In other languages: GR – SRBBG EN

Превод: Методиjа Петрески

Епископот бачки Иринеј е позитивен на коронавирусот и се лечи во епархискиот дворец во Нови Сад – јавуваат белградските медиуми.

Владиката Иринеј според првите анализи и снимки нема воспаление на белите дробови, но има повисока температура. Тој е под надзор на лекари и прима терапија.

Владиката Иринеј вчера не присуствуваше на востоличувањето на новиот српски патријарх Порфириј во соборната црква во Белград, пренесува Танјуг.

Извор: Politika.rs

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal