Синодот на Грчката Црква: Изборот за вакцинација не е црковно или богословско прашање… Вакцините против ковид-19, кои се користат во моментов во Грција, немаат потреба од ембрионални клеточни култури за нивното производство

In other languages: GRBGGEOEN FR

Автор: Doxologia INFONEWS
Превод: Методиjа Петрески

На 12 и 13 јануари 2021 г. Постојаниот Свештен Синод (ПСС) на Грчката Црква заседаваше преку видеоконференциска врска на својата 164. Синодска сесија, под претседателство на Неговото Блаженство Архиепископот на Атина и на цела Грција г.г. Јероним II.

ПСС на Грчката Црква го даде својот одговор на сите лажни тврдења, искажани против него по повод празникот Богојавлеие и за други актуелни прашања, кои ги возбудуват верниците христијани.

ПСС го разгледа и прашањето за вакцинација против ковид-19 појаснувајќи, дека „изборот за вакцинација не е богословско или црковно прашање. Тоа е темелно медицинско-научно прашање, како и слободен личен избор на секој човек во комуникација со својот личен лекар и не претставува отпаѓање од правилната вера и живот“.

Првата заповед по љубовта кон Бога, е љубовта кон ближниот, кој е „Христос во друг образ“. Црквата нема како да биде проводник на злото и смртта, преку своето слово или дејства, туку допринесува за запазување на животот, кој е Божји дар“, се кажува во соопштението на Синодот.

Синодот благодари на православниот народ и благочестивиот клир затоа што ги примија и исполнуваа решенијата на Свештениот Синод од почетокот на пандемијата, исполнувајќи ги сите санитарни мерки, предвидени во одлуките на експертите и грчката држава.

За време на празникот Богојавление во храмовите имаше ред и стриктно се пазеа прописаните санитарни мерки, а случаите на престапи, каде мерките не беа пазени надвор од храмовите беа минимални и за жал беа преувеличени од средствата за масовни информации.

ПСС категорично протестира против публикациите, не против тие, кои ја критикуваат дури и грубо Црквата, ами против оние, кои со системска едностраност и тенденциозност се насочени кон Црквата, нејзините пастири и верен народ, кои прес сè се обидоа да ја инкриминираат секоја пројава на нејзините религиозни настроенија. Верата не е индивидуален факт, според протестантските концепции, а факт на взаемни односи, кои се искусени првенствено во колективното поклонување на Бога, признато за начин на кој некој е член на Православната Црква.

(Синодот – з.п.) Ги осудува прилозите на телевизиите LPHA, ΣΚΑΪ и STAR за чествување на празникот Богојавление од претходните години, кои беа прикажани за овогодишни, како и различните статии во весниците со слична содржина. Таквите методи не можат да имаат врска со вишата демократска мисија на новинарската работа.

Го искажувам нашето жалење за евтините, непопуларни и замолчувачки напади врз канцелариите на Свештената Митрополија на Пиреја и врз митрополитскиот храм на свети Мина во ИраклионBG“, нагласуваат од Постојаниот Синод.

Синодот одблизу го следи прашањето за вакцините преку Синодската Комисија за биоетика, која со своите постојани извештаи го информира Синодалниот орган за сите новости по прашањето.

Во тој контекст, ПСС на Грчката Црква по детално проучување за вакцините против ковид-19 одбележува, дека вакцините кои се користат во моментов кај нас (Грција – з.п.), немаат потреба од користење на ембрионални клеточни култури за нивното производство“.

Синодот одново нагласува, „особено за оние, кои се посебно чувствителни на сценаријата за заплашување и опасност, врз основа на различни новинарски информации, главно на интернет и социјалните мрежи или поради своите предрасуди, дали изборот за вакцинација е богословско или црковно прашање – тоа е темелно медицинско-научно прашање, како и слободен личен избор на секој човек во консултација со својот лекар и не претставува отпаѓање од правилната вера и живот“.

Освен тоа еден од архиереите на Грчката Црква, Митрополитот на Навпакт и Свети Власиј г. Јеротеј (Влахос), веќе е вакциниранBG, претставувајќи го Архиепископот на Атина и цела Грција г.г. Јероним II, кој не можеше да биде вакциниран поради медицински причини, макаршто прв изјави желба за вакцинирање.

Претставникот на Постојаниот Свештен Синод, Митрополитот на Илион г. Атинагора, на крајот на заседанието на Синодот одговори на неколку прашања. Тој нагласи, дека „Грчката Црква ќе го предаде прашањето за лажните вести до Националниот совет за радио и телевизија на Грција“.

Што се однесува до Митрополитот на Калаврита г. Јероним, кој јавно надвор од храмот и во присуство на верници ги освети водите на Коринтскиот Залив за време на празникот БогојавлениеBG, што претставува нарушување на тековното законодателство и решението на Постојаниот Синод – Митрополитот Атинагора изјави, дека Синодот решил да му испрати писмо во врска со неговите дејанија, без да ја открие содржината.

И накрај, што се однесува до стравовите, дека граѓанските бракови се дозволени (новотарија во Грција, која ја користат малцинството на граѓани), а религиозните бракови, кои се и правно признати во грчката држава, не се дозволени во овој период – митрополитот Атинагора нагласува, дека „Црквата всушност го обжалила тоа решение пред Државниот совет (Врховен административен суд – з.п.)“. Тој изјави исто така, дека веќе е поднесена молба, за да се дозволат религиозни бракови и крштевки во присуство на минимален број на луѓе за време на пандемијата.

Извор: Ἐκκλησία τῆς Ἑλλάδος


DONATION

If you wish, you can support us with your donation. We thank you from the bottom of our hearts!


✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎