Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија: За нов митрополит на Италија е избран сегашниот митрополит на Шпанија г. Поликарп

In other languages: GR – BG – IT – EN – GEO
Превод: Методиjа Петрески
Денес, четврток 14 јануари 2021 г. Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија заседаваше под претседателство на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.
За време на заседанието Светиот и Свештен Синод избра нов митрополит на Италија.
Светиот и Свештен Синод го избра за нов митрополит на Италија, митрополитот на Шпанија и Португалија г. Поликарп, кој моментално е администратор на овдовената Свештена Митрополија на Италија.
Кратка биографија:
Митрополитот Поликарп (во светот Панајотис Ставропулос) е роден во Навпакт на 15.10.1963 година. Богословско образование завршува на Каподистрискиот универзитет во Атина во 1986 г.
На 13 јануари 1990 е пострижен за монах. Ракоположен е за ѓакон на 15 јануари истата година од митрополитот на Халкидон г. Вартоломеј (сегашниот Вселенски Патријарх – з.п.) и за презвитер на 16 јануари од митрополитот на Навпакт г. Александар (Грчка Црква).
Служел како старешина во свештениот храм на свети Георгиј на Грците во Венеција од 1990 до 2007 и како протосингел на Митрополијата на Италија од 1992 до 2007 г.
На 6 мај 2007 е хиротонисан во епископски чин во свештениот храм на свети Георгиј во Фанар, Константинопол за митрополит на Шпанија и Португалија.
На 14 јануари 2021 г. е избран за митрополит на Италија.
Епископската хиротонија на избраниот за Митрополит на Шпанија и Португалија, архимандрит Висарион ќе биде во патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар на 25 јануари 2021 г.
Извор: Ρομφαία