Начало » Other languages » Македонски » Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија: За нов митрополит на Шпанија и Португалија е избран архимандрит Висарион Комзјас

Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија: За нов митрополит на Шпанија и Португалија е избран архимандрит Висарион Комзјас

In other languages: GR – ES – ENBG – GEO

Превод: Методиjа Петрески

Денес, четврток 14 јануари 2021 г. Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија заседаваше под претседателство на Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј.

За време на заседанието Светиот и Свештен Синод избра нов митрополит на Шпанија и Португалија.

Светиот и Свештен Синод го избра за нов митрополит на Шпанија и Португалија, великиот архимандрит на Вселенската Патријаршија г. Висарион Комзјас.

Епископската хиротонија на избраниот за Митрополит на Шпанија и Португалија, архимандрит Висарион ќе биде во патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар на 25 јануари 2021 г.

Извор: Ρομφαία


Doxologia INFONEWS

Првите православни христијани во најново време, кои се населуваат во Иберија се грчки иселеници трговци од Додеканиса и Западна Македонија на крајот од 19 в. Во почетокот на 20 век се создава парохија во Мадрид и така постепено се стигнува до создавање на 45 парохии, каде денес служат 40-45 клирици.

До 1963 г. Шпанија и Португалија биле дел од диоцезата на Свештената Архиепископија на Тијатир и Велика Британија, а до 2003 од диоцезата на Свештената Митрополија на Галија и Екзархија на Иберија, кога се одделуваат од неа. На 20 јануари 2003 г. се создава Свештената Митрополија на Шпанија и Португалија со решение на Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија. Во нејзината диоцеза влегуваат: Шпанија, Португалија, Гибралтар, Андора, Балеарските острови, Канарските острови, Азорските острови и островот Мадеира.

Митрополијата е поделена на 5 архијерејски намесништва:

  • Централна и Северна Шпанија со седиште во Мадрид;
  • Источна Шпанија и Андора со седиште во Барселона;
  • Јужна Шпанија со седиште во Малага;
  • Канарски острови со седиште во Лас палмас де Гран Канарија и
  • Португалија и Галиција со седиште во Порто.

Новоизбраниот за митрополит на Шпанија и Португалија архимандрит Висарион Комзјас е третиот митрополит на оваа катедра по блаженопочинатиот митрополит Епифаниј Периалас (4.5.2003 – 30.4.2007, +9.5.2011) и митрополит Поликарп Ставропулос (30.4.2007 – 14.1.2021).

Соборниот храм на свети апостол Андреј и свети Димитриј Солунски во Мадрид, Шпанија

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal