ЕКСКЛУЗИВНО: Интервју на Doxologia INFONEWS со в.д. генерален секретар на Светскиот совет на црквите проф. д-р протојереј Јоан Саука

Photo: Albin Hillert/WCC

In other languages: ENBG

Превод: Методиjа Петрески

Денес ви претставуваме едно ексклузивно интервју на Doxologia INFONEWS со неговото себлаговејнство проф. д-р протојереј Јоан Саука.

* * *

Оче Јоане, како се справуваат црквите во пандемијата? Дали пандемијата од коронавирус помогна за екуменистичко зближување, или напротив – ги изостри религиозните различности и ги подели луѓето од различните цркви?

Отец Јоан Саука: Пандемијата силно ги зафати сите држави и народи. Таа на безмилостен начин ги изостри постоечките нееднаквости. Во исто време ни покажа, дека ние сме едно човечко семејство, кое припаѓа на еден Божји дом, независно од раса, пол, богатство или регион. Поставени пред императивот за физичко растојание, кое предизвика поклонувањето во заедниците да биде скоро невозможно и создаде многу тешка ситуација за многу конгрегации, црквите се учат една од друга и истражуваат како да останат социјално поврзани, да ги поткрепуваат болните и оние, кои изгубиле љубен човек и да се молат заедно.

Светскиот совет на црквите обезбедува на својот веб сајт, како дополнување на своите основни прашања и одговори, пандемични извори за молитва, изучување на Библијата и поклонување. Моментално, црквите учествуваат во Седмицата на молитвата за христијанско единство (т.н. Молитвени осмини – з.п.), зашто знаат, дека сите христијани помеѓу себе се поврзани како учиници на Христа. Се разбира, има некои крајни групи, кои ги одрекуваат смртоносните последици од пандемијата, но тие очигледно се малцинство меѓу христијаните.

Вие исто така прашувате за влијанието врз меѓурелигиските односи. Со радост кажувам, дека има многу неодамнешни позитивни настани, кои силно ја охрабруваат меѓурелигиозната соработка, утврдувајќи и надградувајќи ги заедничките вредности. Тоа особено важи за споделената ангажираност за здравје и исцеление, како и за климатска справедливост во сите региони од светот. Таа соработка е вистински многу важна, кога уште го гледаме злоупотребувањето на религијата за распространување на насилство и смрт на некои места.

По што Светскиот совет на црквите ќе ја запомни изминатата 2020 година? Што би определиле за најзначајно постигнување на Светскиот совет на црквите во 2020 година?

Отец Јоан Саука: Би сакал да ве поканам да го посетите веб сајтот на Светскиот совет на црквите и да ги разгледате новостите, објавени преку годината. Тоа, што не дозволивме на пандамијата да нѐ турне надолу, ми дава сили и храброст. Заедницата на црквите-членки и секретаријатот во Женева одговорија со многу креативни иницијативи, зацврстувајќи ги заемните односи и соработката. Мислам, дека нашата заедничка работа со црквите-членки дури се има зголемено. Основните програмски иницијтиви за единство, мисија, праведност и мир се животоважни и актуелни.

Како човек, кој толку години сум одговорен за Екуменистичкиот институт во Босе, јас сум особено охрабрен од фактот, дека би можеле да собереме близу 30 студенти од сите региони на светот за уште една академска година во Босе, покрај сите рестрикции. Тоа, кое го правиме за овие студенти и за други млади луѓе и деца во нашите младински проекти и во нашата иницијатива за благопријатни за децата цркви, верувам, се многу добри инвестиции во иднината на екуменистичката соработка и светот на правда и мир.

Ваше себлагоговејнство, многу се говори за исламскиот фанатизам и фундаментализам. Но, малку се говори за христијанскиот фанатизам и фундаментализам. Каква е Вашата позиција во однос на овој растечки проблем? Загрижувачко за нас е тоа, дека фанатизмот и фундаментализмот се среќаваат и во некои кругови на Православната Црква. Како Светскиот совет на црквите може да помогне за зближување на православните христијани во рамките на Православната Црква?

Отец Јован Саука: Да, христијанските заедници за жал не се имуни на влијанието на популистичките идеологии. Покрај тоа што во повеќето случаи тоа се малцинства со мала резонанса меѓу црквите. Правам важна разлика меѓу фанатизам и фундаментализам. Нема што да се каже против силната посветеност кон вредностите и специфичното почитување на нечија традиција на верата. Всушност, тешко е кога дијалогот веќе не се бара и луѓето се вртат против другите, без да се почитуваат взаемно и да ја почитуваат туѓата култура.

Светскиот совет на црквите даде висок приоритет на учествувањето на помесните Православни Цркви во ССЦ со својата постојана комисија за консензус и соработка. Половина од членовите се од православното семејство. Дури и да имаше и затегнатости во односите меѓу помесните Православни Цркви, тие продолжуваат да соработуваат колективно во рамките на ССЦ со исклучок на Грузиската Патријаршија и Бугарската Патријаршија. Тие се повлекоа од Светскиот совет на црквите во 1998.

Какво е мислењето на Светскиот совет на црквите во однос на случувањта во Украина? Московската Патријаршија непрестано создава религиозна напрегнатост во Украина и активно води хибридна војна против Вселенската Патријаршија, откако Вселенскиот Патријарх додели томос за автокефалија на Православната Црква на Украина.

Отец Јоан Саука: Светскиот совет на црквите се бори и сѐ уште продолжува да се бори да ги воведе црковните семејства во дијалог и поблиски односи. Тој е со помало искуство во справувањето со конфликти во рамките на една поместна Црква. Следствено ССЦ не се меша и не ги коментира внатрешните прашања во православното семејство, бидејќи улогата на помесните Цркви е да постигнат помирување и единство помеѓу себеси, врз основа на нивното канонско право, доктрина и практика. Нема да се согласам со зборовите, кои ги употребивте, за да ја характеризирате состојбата во Украина. Оваа конфликтна ситуација не е првата од овој вид дури и во најновата историја. Во деведесеттите години слична беше ситуацијата во Естонија, и ССЦ беше повикан да се замеша. Но, ССЦ не зазеде и нема да заземе страна, но ќе продолжи да го охрабрува дијалогот и соработката како пат за напред. Секогаш ќе предлагаме безопасна платформа за средби и дијалози, ако тоа е желба на засегнатите Цркви.

Какво е значењето на верата, надежта, љубовта и молитвата во современиот живот: за едни живот прекрасен, но за други – живот неподнослив?

Отец Јоан Саука: Јас ја наоѓам верата, надежта и љубовта во Бога, во Светата Троица, и прикажана преку Воплотувањето, Смртта и Воскресението Христови за спасението на сите. Ова останува Вистина во сите времиња од вековите на вековите. Тоа е, кое ние го празнуваме во божествената литургија: пожртвуваната љубов на Бога во Христа, принесена за СИТЕ (διὰ πάντα). Во исто време всушност сме сведоци на смртоносните последици од масовна сиромаштија, угнетување и еколошко уништување. Уште поважно е, дека ние работиме за правда и мир, вкоренети во нашата вера, исполнети со надежта во Евангелието Христово, следејќи ја Христовата љубов, која го движи светот кон помирување и единство. Меѓу другото, тое е тема на претстојното заседание на црквите во 2022 во Карлсруе, Германија.

За жал, Бугарската Патријаршија го напушти Светскиот совет на црквите во 1998 година, поради нејасни и несериозни причини. Покрај тоа, каква порака би упатиле кон нашата Црква?

Отец Јоан Саука: Прво, ќе одговарам од гледна точка на православен свештеник и богослов, кој доаѓа од Романија. Многу добро ја разбирам положбата на нашите држави и цркви за време на комунизмот и ненадејните промени и предизвици, кога тој систем пропадна. Беа слушнати многу обвиненија против ерархијата за соработка со комунистите и за предавање на вистината на Православието преку учество во екуменистичкото движење. Што се однесува до учеството во екуменистичкото движење, реалноста е, дека имало многу недоразбирања и дезинформации. Во оние тешки времиња нашите најдобри богослови и ерарси учествуваа во дијалозите со други цркви, но обичните луѓе од стасидиите не беа информирани. Тие дознаа за тоа едвај кога железната завеса се спушти и тогаш информациите дојдоа прво преку некои фундаменталистички евангелски кругови со силна антиекуменистичка дејност.

Го поминав речиси целиот живот, сведочејќи за нашата православна теологија и духовност во екуменистичкото движење и можам да ви кажам, дека од моите истражувања на документите и од придонесот, кој нашите православни теолози го направиле во текот на тие години, не можев да откријам ниту една изјава, која ја предава или ја одрекува православната вера или духовност. Православното учество во екуменистичкото движење означува сведоштво за нашата вера и отвореност за дијалог со другите, за да ги преоткриеме нашите заеднички корења, причините за нашите историшки разделби и преку исцеление на минатото да напреднеме во преоткривање на заедничката апостолска вера, која пак води и до поголемо единство.

Православната Црква по својот идентитет е Црква, отворена кон светот, кон другите, и кон целото творение. Обидот да се претвориме во затворена група со фокус навнатре би означувало предавање на нашата вера и нашиот идентитет.

Екуменистичкото движење не е пазар за преговори; учеството во него не означува замаглување на идентитетот или загуба на верата.

Тоа е пораката, која нашите луѓе треба да ја чујат и во неа да бидат убедени. Неопходно е образование, оформување и точни информации. Тоа е единствениот начин да излеземе од нашите самоналожени гета и да бидеме одново отворени за сведоштво, служење и дијалог со и за светот.

Иако Бугарската Патријаршија се оддели од Светскиот совет на црквите, некои форми на соработка продолжуваат низ годините во областа на филантропијата, ѓаконијата и образованието. Продолжуваме да имаме студенти по теологија од Бугарија, кои учат на Екуменистичкиот институт во Босе и ние со нетрпение очекуваме да добиеме повеќе кандидатури.

Како генерален секретар би кажал, дека пораката на Светскиот совет на црквите може да биде само една – да се молиме и да се надеваме, дека еден ден Православната Црква во Бугарија ќе се врати одново во ова светско општество и ќе се присоедини кон своите сестрински помесни Православни Цркви и кон другите цркви-членки во сведоштвото за нејзнината многупочитувана теологија и духовност. Само заедно можеме да се справиме со предизвиците и да бидеме надежни во нашето сведоштво.

Ви благодарам за краткиот и искрен разговор! Од името на целата екипа Ви испраќаме Вам и на сите браќа и сестри во Светскиот совет на црквите желби за здравје, среќа, доброденствие и спокоен живот во новата 2021 година.

* * *

Профил на проф. д-р протоереј Јоан Саука

Отец Јоан Саука е клирик на Романската Патријаршија. Од 1998 е професор по мисионерство и екуменистичка теологија во Екуменистичкиот институт на Светскиот совет на црквите во Босе, Швајцарија, а од 2001 е директор на истиот Екуменистички институт. Учел на теолошките факултети во Сибиу и Букурешт, Романија. Добил докторски степен по теологија на Универзитетот во Бирмингем, Велика Британија. Од 1 април 2020 неговото себлагоговејнство проф. д-р протоереј Јоан Саука е избран за в.д. генерален секретар на Светскиот совет на црквите.

Александар Иванов специјално за Doxologia INFONEWS.

Извор: Doxologia INFONEWS


Donate to Doxologia INFONEWS: IBAN BG83STSA93000024673844

Follow us on Twitter: @doxologiainews

Follow us on Facebook page: @doxologiainfonews

Join our Facebook group: @doxologiainfonews.group


✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎