Начало » Other languages » Македонски » Се престави во Господа Митрополитот на Костур г. Серафим

Се престави во Господа Митрополитот на Костур г. Серафим

In other languages: GRBGGEO

Превод: Методиjа Петрески

Соопштение за новините за кончината на блаженопочинатиот Митрополит на Костур (Касторија) г. Серафим

„Денес претпладне на 29 декември 2020 г. скромниот пастир на Костур г. Серафим замина за царството на живите, кон Горниот Иерусалим.

Покрај неуморните и пожртвувани обиди на лекарскиот и медицинскиот персонал на 424. Воена болница во Солун, не беше можно да се зачува неговиот живот.

Јавно ги изразуваме нашите благодарности кон служителите на болницата, но и на сите кои упатија молитви и прозби за оздравување на веќе блаженопочинатиот Митрополит на Костур г. Серафим.

Од Протосингелијата“.


Бел. прев.

Опелото и погребението ќе бидат на 30. декември 2020 г. со запазување на сите противепидемиски мерки против коронавирусот.

Напомнуваме, дека блаженопочинатиот митрополит Серафим (61) се зарази со вирусот убиец на 8 декември 2020 г. доцна вечертаBG, кога беше и транспортиран во 424. Воена болница.

На 19 декември 2020 г. митрополитот Серафим беше интубиран, зашто состојбата му беше исклучително тешка. На 20 декември 2020 г. од Свештената Митрополија на Костур, го повика верниот народ да ја испрати својата молитва кон Сеподателот Бога за побрзо враќање на здравјето на саканиот им митрополит – скромниот пастир на Костур, како го нарекуваат неговите епархиоти.

Митрополитот на Костур Серафим (во светот Иоаннис Папакостас) е роден во 1959 г. во селото Агнандеро, Кардица. Средното образование го завршил во Ризариската богословија во Атина, а подоцна и високо богословско образование во 1987 г. на Богословскиот факултет на Атинскиот универзитет.

Ракоположен е за ѓакон во 1983, а за презвитер во 1987 г. Долго време служел во Атинската Архиепископија, како ѓакон и презвитер во храмот на свети Николај во Като Патисија, Атина, а потоа и како директор на Комисијата за млади во Свештениот Синод и записничар во Свештениот Синод. Во 1990 г. го избираат за секретар на Свештениот Синод.

На 5 октомври 1996г. е ракоположен во Епископски чин, бивајќи избран за Митрополит на Костур.

Тој ја преродува и наполно ја преорганизира Митрополијата на Костур, оставајќи зад себе огромно наследство за својот наследник во секоја смисла на зборот.

Бог да го прости! Царство му небесно!

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal