Отворање на Андреевскиот Храм во Киев (ставропигија на Вселенската Патријаршија) по 11 години реставрација и ремонт | Фотографии (ОБНОВЕНО)

In other languages: BG

Автор: Александър Иванов

Превод: Методиjа Петрески

На 12 декември 2020 во 20:00 часот ќе биде отворен после 11 години на реставрација и ремонт храмот на свети Андреј Првоповикан во Киев, кој е ставропигија на Вселенската Патријаршија во Киев.

Поради лошата пандемиска ситуција во Украина, празненствата ќе се спроведат онлајн. (ТУКА)

Министерот за култура и информациска политика на Украина г. Александар Ткаченко, на својата страница на фејсбук напиша:

Андреевскиот храм е многу силно место. Имав чест да го посетам одвнатре. Реставрацијата и ремонтот се при крај. За време на работата, тоа кое го видов, беше зашеметувачко – секој елемент во храмот беше третиран исклучително внимателно и прецизно. Екипата, која работи на храмот, врши чудесна работа. Целиот живопис, иконите, иконостасот се целосно обновени, ѕидовите се исчистени. Сето ова е подновено со систем за затоплување, осветлување и вентилација“.

Според министерот првата богослужба во храмот ќе биде отслужена на 13 декември 2020 во 9 часот, од митрополитот на Галија г. Емануил во сослужение на егзархот на Вселенската Патријаршија во Киев – Команскиот епископ г. Михаил, а од 15 декември храмот ќе биде отворен за посетители.

Интересно е да се забележи, дека Андреевскиот храм е изграден во барок меѓу 1747 и 1754 по проект на италијански архитект Вартоломеј Франческо Растрели. Храмот е поставен на стрмниот десен брег на реката Днепар, над источниот дел од градот – Подил. Под Андреевскиот храм се наоѓа андреевската надолница, која ги поврзува горниот со долниот град. Понекогаш го нарекуваат храмот – „Катедрала“. Андреевскиот храм е дел од националото културно наследство на Република Украина.

Црквата нема камбани, бидејќи според легендата, нивниот ѕвон би причинил поплава на левиот дел од градот.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal