НБСС Вселенскиот Патријарх: Распространетите на различни сајтови тврдења за “папски претензии“ на Вселенската Патријаршија и на мојата милост се неосновани и лажни | Фотографии и Видео

In other languages: GRENBG GEO

Автор: Йордан Георгиев

Превод: Методиjа Петрески

«Тоа што се распространува по разни сајтови за “папски претензии“ на Вселенската Патријаршија и на мојата милост е целосно неосновано и лажно. Само го повторуваме тоа, кое го изјави блаженопочинатиот митрополит на Кесарија Калиник Деликанис: „Надгледувачката грижа и разбирање на Великата Христова Црква, која се наметнува – понекогаш службено и по задолжение, а понекогаш по повик на заинтересираните е за да го осигура својот ефективен принос за арбитрирање и разрешување на спорови, кои се појавуваат меѓу Светите Божји Цркви… Како што никогаш и на никаков начин не задоцнувала или отсуствувала“…

Тоа е нашата одговорност. Тоа е нашето наследство. Тоа се докажува со факти и документи. Немаме право да го одречеме! Спекулациите за други намери и ситуации се озборувања и лажни вести», подвлече Сесвјатејшиот Вселенски Патријарх г. г. Вартоломеј.



Тоа го изјави во својата проповед по божествената литургија, која се отслужи денес (14.12.2020) во метохот во Галата, по повод вчерашниот празник, по јулијанскиот календар на свети апостол Андреј Првоповикан. Овој метох е наменет за литургиските потреби на словенојазичните православни христијани во Константинопол.

Во својата проповед Вселенскиот Патријарх го опфати и прашањето за православната дијаспора, во контекст на решенијата на Светиот и Велики Критски Собор од 2016 г.

«…Светиот и Велик Собор на Православната Црква (Крит, 2016 г.) се занимаваше и со прашањето за православната дијаспора и реши да се придржува на „Епископските собранија“. Беше нагласено, дека општата волја на Православните Цркви е да се разреши ова прашање, колку е можно поскоро. Тоа се бара од страна на православната еклисиологија и канонската традиција и пракса на Црквата».

Потоа Вселенскиот Патријарх дополни и објасни: «Единственото решение за проблемите на православната дијаспора е „придржувањето кон духот и рамките на 28. канон(правило) на IV Вселенски Собор».

«Со оглед на непрекинатата грижа на Вселенската Патријаршија за стабилноста на Православието, никогаш не биле на сила и не биле применувани принципи – туѓи на канонската традиција на Црквата, востановена од Вселенските Собори и осветена од многувековната црковна пракса. Во оваа смисла „првопрестолната позиција на Вселенскиот Престол на православниот Исток“ претставува „не само стар факт од минатото“, но и „жива и енергична власт“»…

Фотографии: Никос Мангинас | Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal