Московската Патријаршија го расчини проф. Протоѓакон Андреј Кураев

In other languages: BG

Автор: Александър Иванов
Превод: Методиjа Петрески

Епархискиот црковен суд на Московската Епархија го расчини проф. протоѓакон Андреј Кураев. Ова го соопштува пресслужбата на епархијата.

Решението е донесено поради коментар на протоѓаконот на LiveJournal во врска со смртта на старешината на Богојавленскиот катедрален собор во Москва протојереј Александар АгејкинBG.

Тогаш Кураев го напиша следново:

„Агејкин,
Првата смрт меѓу московските духовници. Во болницата во Лапино почина протојереј Александар Агејкин, старешина на Елоховскиот катедрален собор. За овој лик може да се чита со тага. Во моите спомени, овој недопротопрезвитер ќе остане како туп кариерист, кој направил кариера со сферата на ВИП услугите.
(Недопротопрезвитер: за да се разбере ова, треба да се знае, дека во последниот половина век старешината на Елоховскиот собор беше единствениот «протопрезвитер» во РПЦ. Агејкин е првиот, кој доби старешинство таму, но не успеа да ја добие оваа титула. Но, тоа апсолутно не говори ништо за него, ами само за ситните реформи на патријархот Кирил).
А, јас им обрнав внимание на семинаристите (учениците на богословија – з.п.), дека епидемијата ќе ослободи многу места.
* * *
Тој успеа да даде свој допринос во епидемијата на бестрашноста: https://youtu.be/zFyQMSrx4Nw
„Низ вековите Црквата стекна богато искуство во борбата со епидемиите. Епидемијата на црната смрт – чумата беше сопрена со молитва“ (3-50)

* * *
„Отец Андреј. Можеби се сеќавата за еден семинарист… Јас бев една година клисар во Елохово. Видов и чув различни нешта. Има извесна вистина во вашата публикација за Агејкин. Но, на пример, тој ми помогна да поминам педагошка пракса во … Затоа ја поддржувам и Вашата вистина, но истовреме во него имаше сепак нешто добро и хумано. Православните фрикови, кои плукаат на Вас, не ја разбираат внатрешноста на црковниот живот, но не целата внатрешност е нечиста. Црквата на атеистите, хомосексуалците и кариеристите, кои ги продаваат сите и сѐ. Успех во Вашата работа. Секогаш Ве читам, но се плашам, дека денес не е реално да опстанеш во РПЦ без штета на психата и без да се претвориш во ужасен циник. Честит Велигден! Христос воскресе!

Епархискиот црковен суд посочува, дека во коментарите на Кураев се содржат богохулства кон Црквата и клевети.

Решението за расчинување ќе стапи на сила откако Московскиот Патријарх Кирил ќе го потврди, а дотогаш може да биде обжалено.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal