Црквата на Украина е единствената канонска Православна Црква на територијата на државата Украина | Писмо

In other languages: EN/GRUKRBG

Превод: Методиjа Петрески

Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј одговори на прашањето на сопствениците на украинскиот црковен сајт cerkvarium.org за канонскиот статус на антиканонската (вон границите) заедница под раководство на Онуфриј, како и за тоа, дека тој не е Киевски Митрополит, а по снизходење титуларен епископ во Киев.

Писмо на Вселенскиот Патријарх до cerkvarium.org

До г. Дмитро Горевој и г-ѓа Татјана Деркач,
основачи на НВО „Центар за религиозна сигурност“ и
редактори на Cerkvarium,
возљубени во Господа чеда на Нашата Милост:
Благодат и мир од Бога.

Како одговор на вашето писмо од 20 јули 2020 г. прот. № 7. би сакале да ви напоменеме, дека на 11 октомври 2018 г. Светиот и Свештен Синод на Вселенската Патријаршија, Мајката Црква на Киевската Митрополија, го поништи Патријаршиското и Синодално писмо, издадено во 1686г. Тоа писмо го овозможува, како форма на «снизходење» правото на Московскиот Патријарх само да го ракополага Киевскиот Митрополит, кој треба да биде избран од Црковно-народен собор во неговата епархија, како и правото за време на божествената литургија на «в перви помјани» да го спомнува Вселенскиот Патријарх, «како негов извор и авторитет, и како надреден над сите диоцези и епархии насекаде», прогласувајќи и утврдувајќи ја неговата канонска зависност од Константинополската Мајка Црква. Истиот ден, Светиот и Свештен Синод реши да ги прими и апелационите жалби на Филарет Денисенко, Макариј Малетич и нивните следбеници, кои се наоѓаа во раскол, но не поради догматски причини. Канонски се востановија јерарсите и духовништвото од нивните редови, верните се вратија во општење со Црквата, и се пристапи кон доделување на автокефалија на Црквата на Украина.

Во продолжение Вселенската Патријаршија го свика во Киев на 15 декември 2018 г. Обединувачкото црковно-народно собрание (Собор). Сите православни архијереји во Украина добија покана за овој Обединувачки собор преку нашите патријаршиски писма. За жал, украинските јерарси, под јурисдикција на Московската Патријаршија, со исклучок на двајца, го занемарија нашето писмо за покана и не учествуваа во Обединувачкиот Собор, како што се очекуваше. Тој собор го избра митрополитот Епифаниј за канонски митрополит на Киев и на цела Украина, примајќи ја статутарната повелба (Устав – з.п.) на Црквата на Украина, која беше изготвена од Вселенската Патријаршија во ноември 2018 г. Потоа, томосот, со кој се прогласи автокефалијата на Црквата на Украин, беше предаден во рацете на митрополитот Епифаниј од Нашата Милост во седиштето на Вселенската Патријаршија во Фанар на 6 јануари 2019 г.

Оттогаш, новата автокефална Црква на Украина е единствената канонска Православна Црква на териоторијата на украинската држава и Неговото Блаженство Митрополиотот Епифаниј на Киев и на цела Украина треба да биде признат за нејзин канонски поглавар. Соодветно со канонскиот принцип на територијалност, кој е својствена и постојана даденост на православната еклисиологија, ниедна друга Црква не може да присуствува во јуриздикцијата на Црквата на Украина. И покрај тоа, во духот на пастирската чувствителност, ние времено го толерираме постоењето на украинските јерарси од Московската Патријаршија, не како местни управувачки епископи, ами едноставно како титуларни или постојано престојувачки јерарси во Украина, согласно со канон (правило) 8. од Првиот Вселенски собор во Никеја. Се надеваме, дека ако Бог благоизволи, тие скоро ќе се обединат со помесната Црква. Поради таа причина НВП Онуфриј веќе не се смета за канонски Киевски Митрополит, ами како архијереј, кој престојува во Киев, како што е забележан во отпечатениот Годишник на Вселенската Патријаршија за 2020 г.

Со овие мисли, ние се молиме Светиот Дух, Утешителот, Кој секогаш го лекува со Божествена благодат она, кое е немоќно и го дополнува недостасувачкото, да ги доведе сите јерарси, духовници и богољубиви луѓе во Украина до единство, а ние со задоволство ги испраќаме до сите вас нашите патријаршиски благослови, дарувајќи ви бладодат и бескрајна Божја милост.

Во Вселенската Патријаршија, 6 октомври 2020 г,

Духовно ваш,

+ Вартоломеј,

Архиепископ на Константинопол – Новиот Рим
и Вселенски Патријарх

Извор: Φως Φαναρίου

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal