Синодот на Еладската Црква: Црквата никогаш не ги поддржувала одркувачите пандемијата и не распространувала наивни и идолопоклонички ставови дека клириците и христијаните не можат да се заразат | СООПШТЕНИЕ

In other languages: GRBG

Превод: Методиjа Петрески

Соопштение на Свештениот Синод на Еладската Црква

«По повод успението на блаженоупокоениот Митрополит на Лангадас г-н Јован некои новинари се подбиваа на нецивилизиран начин со неговата кончина и исповедувањето на неговата вера преку Божественото Причастие, чиниш располагаат со информација за причината за пренесувањето на болеста. Свештениот Синод на Еладската Црква со тага востановувава, дека некои медиуми не престануваат да се спротивставуваат со православните христијани, клирици и мирјани како нивен идеолошки опонент.

Со оглед на изопачувањето на зборовите на Црквата се напоменува, дека Еладската Црква преку своите енциклики и соопштенија:

а) секогаш ја запазува дисциплината по однос на санитарните мерки во и вон Свештените храмови,
б) никогаш не ги поддржувала одрекувачите на пандемијата
в) никогаш не распространувала наивни и идолопоклонички ставови, дека православните свештеници или воопшто христијаните, поради своите способности, не можат да се заразат од болеста.

Напротив, Свештениот Синод од самиот почеток на пандемијата соработува со државата, а неговите членови ги запазуваат здравствените препораки, поучувајќи ги клириците и верниот народ да ги запазуваат сите ограничувања, наметнати од државата и воведени од научните советници. Од самото тоа се подразбира, дека Црквата ја прифаќа важността и мисијата на медицинската наука, како што е пропишано од Светото Писмо: „Почитувај го лекарот со чест според потребата од него, зашто Господ го создал (Прем. Сир. 38:1)”, а со тоа се потцртува и решавачкото значење на верата во Бога за излекувањето на верникот: „Синко, во болеста своја не биди безгрижен, туку моли му се на Господа, и Тој ќе те исцели (Прем. Сир. 38:9)”.

Некои амбициозни раководители на јавното мнение настојуваат на невротичен начин да се занимаваат само со Божественото Причастие, и да изнесуваат ненаучни корелации за разпространувањето на коронавирусот, во спротивност со епидемиолошките податоци (докази- б.п.) и дури да носат решенија по прашањата на верата „изложувајќи догмат“ без да имаат никакви богословски познавања и компетентост. Од моментот, кога демоктратската држава ја гарантира верската слобода, тие немаат право да бараат државна забрана за Божественото Причастие како „здравствен ризик“, бидејќи самите тие не веруваат. И најмногу, тие немаат право злорадосно и со потсмев да зборуваат за успението на нивниот ближен (Митрополитот на Лангадас Јован – Бел. прев.), затоа што бил клирик на Црквата, која тие ја сметаат за фракција и дури нивен противник.

Испраќаме кон сите горешт повик да не се оддаваат на култивирањето на социјален расизам, на целно обвинување и наложување на вина по каква и да е причина на болните и починатите от пандемијата од коронавирус. Ги замолуваме сите да останат воздржани, да ги уважуваат болните, лекарите, медицинските специјалисти и сите, кои се плашат за лечењето на болните, а истовремено ги молиме сите да го покажат неопходното уважување кон блаженоупокоениот Митрополит на Лангадас, Лити и Рендини г. Јован, кој за десетте години на своето пастирство помогна исклучително многу во сите области на неговото служење. Благочестивите членови на Еладската Црква за време на пандемијата продолжувават да се молат за здравјето и животот на луѓето, а клириците служат Божествена Литургија принесувајќи бескрвна жртва на Господа „за оние кои нѐ мразат и оние кои нѐ љубот“ и „за животот и спасението на светот“.

Од Свештениот Синод на Еладската Црква».

Извор: Ἐκκλησία τῆς Ἑλλάδος

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal