Притворен Грузиец за нападот врз грчкиот свештеник во Лион | Грузиецот изјави, дека неговата сопруга му била швалерка на свештеникот

In other languages: GR FRBG

Автор: Doxologia INFONEWS

Превод: Методиjа Петрески

Мистеријата, околу нападот на грчкиот свештеник во Лион о. Николаос Какавелакис според едни се задлабочува, а според други се расплетува. Една седмица откако непознатиот извршител стрелаше двапати во телото на свештеникот има задржано трето лице, откако претходно имаше двајца обвинети, кои беа притворени, а потоа првиот и вториот обвинет беа ослободени.

Притворениот е Грузиец на четириесетгодишна возраст со иницијали Гиорги П., кој е уапсен во петокот, во својот дом. Со него била 35-годишна Русинка.

Според информациите на Le Parisien мажот признал, дека е извршител на нападот и дека тоа е лична одмазда, поврзана со прељубодејание – неговата партнерка (сопруга) била швалерка на свештеникот, според сведоштвото на Грузиецот. Иако, стрелал во свештеникот, Грузиецот тврди, дека не намеравал да го убие.

Стрелецот го застрела о. Николаос со два куршуми – едниот во црниот дроб, а другиот во градите, што доведе до сериозно загрозување на неговиот живот.

Гиорги П. изјави, дека се ослободил од оружјето крај бреговите на река Сона, кај сливот во реката Рона. За време на претресот во домот на Грузиецот е откриено друго оружје, но тоа не е искористено во извршувањето на престапот. Притворениот Грузиец, веќе ѝ бил познат на полицијата за различни престапи како возење без дозвола и незаконско поседување на оружје.

Свештеникот бил распитан в болница, откако излегол од кома. Тој споделил пред полицајците, дека актот веројатно е извршен од „љубоморен сопруг“. „Свештеникот многу е сексуално активен, многу се задева со жените“, изјави извор, близок до истрагата. Според изворот, свештеникот признал, дека жените му се голема слабост. Во полициската станица 35-годишната Русинка, која е сопатничка на Грузиецот изјавила, дека не знаела ништо за престапните намери на Грузиецот, но потврди, дека неговата партнерка имала врска со жртвата, објавува  Le Figaro.

Следствено станува прашање за престап од општ характер, а не за терористички напад, како што беше кажано претходно. Грузиецот, за кој станува збор е сопруг на жена, која имала љубовна врска со жртвата – се кажува во изјавата на обвинителот Никола Жаке.

Според свештеник од црквата во град Гренобел, отец Николаос Какавелакис, „страда душевно“ и одново треба да се оперира. „Состојбата не му е добра. Не им е дозволено на блиските да го гледаат“ – изјави тој.

Извор: iEfimerida.gr

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal