Поранешниот Митрополит на Калаврита Амвросиј е веќе со негативен тест за коронавирус

In other languages: GRBG

Превод: Методиjа Петрески

Денес претпладне, бившиот Митрополит на Калаврита и Егијалија г. Амвросиј, кој беше заразен со коронавирус и кој одби да биде примен в болница изјави, дека се излекувал од коронавирусот, како и тоа, дека е со негативен тест.

Бев заразен со коронавирус! Господ ме помилува! Он ме излекува без да појдам в болница!“ – изјави митрополитот Амвросиј.

Тој се заблагодари на Митрополитот на Калаврита г. Јероним, на архимандритот Гервасиј Јоакимидис, како и на редица монахињи, верници и негови роднини по тело, кои се грижеле за него. Тој испрати специјална благодарност кон професорот на медицинскиот факултет на Универзитетот во Патра г. Маркос Марангос за советите и упатствата, кои му ги давал и на кои според неговите зборови строго се придржувал.

Накрај, митрополитот Амвросиј го објави и направениот PCR тест од 24.11.2020, чиј резултат е негативен.

Извор: Blog του πρώην Μητροπολίτη Καλαβρύτων και Αιγιαλείας Αμβροσίου

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal