Грузискиот Католикос – Патријарх кон своите свештеници: Не пречете им на верниците да го примаат Божественото Причастие

In other languages: BG

Автор: Александър Иванов

Превод: Методиjа Петрески

Грузискиот Католикос – Патријарх г. г. Илија II, цитиран од 1tv.ge, се обрати кон свештениците и верниците од Грузиската Патријаршија:

Неопходно е да се пазат распоредите за физичко растојание и да се носат маски во храмовите. Оние од вас, кои не се чувствуваат добро или припаѓаат на ризичните групи, да се воздржат од посети на храмовите. Ако е потребно, свештениците ќе ве посетат во вашите домови. Ве молам да ги засилите своите молитви и да ги читате псалмите 3, 26, 102 и 145“.

Истовремено, Патријархот Илија II, цитиран од пресслужбата на Грузиската Патријаршија се обрати кон свештениците во врска со почетокот на Божикниот пост:

За време на овој пост риба се разрешува до 25 декември, со исклучок на среда и петок. Поради ситуацијата, предизвикана од коронавирусната пандемија, им благословувам на духовниците, согласно правилата на икономијата, ако е неопходно да им дозволуваат на верниците да употребуваат млечни производи. Не создавајте им пречки на верниците, за примање на Божественото Причастие“.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal