Вселенскиот Патријарх Вартоломеј: „Србите да бидат горди на сето она, што го правеше Иринеј“

In other languages: GRBGSRB

Превод: Методиjа Петрески

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј изрази сочувство по повод смртта на Патријархот Иринеј и рече, дека српскиот народ треба да биде горд за сето она, што Патријархот Иринеј го направи за светосавската Црква и за љубовта која ја ширеше.

Само што се помолив, на вечерната богослужба, која ја служевме во Вселенската Патријаршија, за душата на блаженоупокоениот мој брат и сослужител, мудриот духовник и духовен водач на српскиот народ, патријархот Иринеј“, рече Вартоломеј.

Тој додаде, дека како Мајка Црква изразува сочувство со српскиот народ и Српската Црква и дека упатил писмено сочувство пред кратко време до Српската Патријаршија.

Воскреснатиот Господ одлучи да го повика во Царството Небесно мојот брат и сослужител Иринеј, а српскиот народ секогаш да биде горд на сето она што направи за својата светосавска Црква и за љубовта која ја ширеше ширум вселената, баш како прав пастир“, кажа Вселенскиот Патријарх.

Тој додаде дека Патријархот Иринеј покажувал големо разбираше и љубов према сите луѓе, дури и тогаш, кога изразувале различни и спротивни ставови поврзани за Православието и неговиот српски народ.

Покажа ширина и благодат во секој дел од својот живот. Нека Господ му подари вечни рајски населби и нека пред престолот Господов се моли за српскиот народ и за сите православни христијани“, порача Патријархот Вартоломеј.

Извор: Sabornik.net

✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎