Белоградчишкиот епископ Поликарп е во карантин поради контакт со заразаени со Ковид-19

In other languages: BG

Автор: Doxologia INFONEWS

Превод: Методиjа Петрески

Екипата на Doxologia INFONEWS од свои извори дојде до информација, дека викарниот епископ на Софискиот Митрополит и Бугарски Патријарх – белоградчишкиот епископ Поликарп е во карантин, бидејќи имал контакт со заразени со коронавирус Ковид-19.

Тоа уште не е објавено на вебсајтот на Свештената Митрополија на Софија.

Обновено (9.11.2020: 16:35): Од Doxologia INFONEWS се поврзавме со Софиската Митрополија, откаде потврдија, дека епископот Поликарп е со грипоподобни симптоми и се чувствува релативно добро. Нема температура или малаксаност. Направил и тест, кој е негативен, но покрај тоа, тој сам се ставил во карантин, од грижа за луѓето. Подоцна ќе направи и втор тест за коронавирус.

На Преосвештениот Белоградчишки епископ Поликарп му посакуваме да го чува Бог, да му дарува здравје и долги години да биде во служба на Бога, бидејќи епископот Поликарп е еден од најистакнатите и најактивните духовници во Бугарската Црква. Тој се грижи за места во диоцезата на Софиската Митрополија, каде архијерејска нога не стапнала, освен при осветувањето на храмот пред 100 години. Самите луѓе во Софиската Митрополија кажуваат: „Епископот Поликарп врши работа за петмина“ и „откако тој е во карантин, имаме чувство, дека Софиската Митрополија е во застој во однос на архијерејските грижи“.

Вчера ви соопштивме, дека нашата екипа располага со информации и за пловдивскиот митрополит Николај и знеполскиот епископ Арсениј. Во моментов од Пловдивската Митрополија нема ни абер, ни глас.

Од Doxologia INFONEWS одново повторуваме пред архијерејите и клириците на Бугарската Патријаршија, дека нема ништо срамно во тоа едно лице да е заразено со коронавирус или со какво и да била друга зараза. Како општествени личности, архијерејите, соодветно и јерејите се должни јавно да објавата ако се заразени со коронавирус, бидејќи се во постојан контакт со многу и најразлични луѓе, кои исто така се загрижени за своето здравје.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal