Атинскиот Архиепископ Јероним е примен со лесни симптоми на коронавирус во атинската болница „Евангелисмос“

In other languages: GRBG UKR PT

Превод: Методиjа Петрески

Денес претпладне, Атинскиот Архиепископ г.г. Јероним II беше примен во атинската болница „Евангелисмос“ со лесни симптоми на коронавирус согласно препораките на лекарите.

Архиепископот беше со негативен резултат за коронавирус, како при брзите испитувања, така и при молекуларните испитувања (PCR тестови – з.п.), кои му беа извршени по завршетокот на заседанието на постојаниот Свештен СинодBG. Архиепископот пред средбата со првоминистерот г. Киријакос МицотакисBG, исто така беше подложен на редица испитувања, кои исто така покажаа, дека е негативен на коронавирус. Но, на 16 ноември 2020 ноќта, на планираното профилактичко мололекуларно тестирање, тој се покажа позитивен за коронавирус.

Јас лично учествувам како пастир во искушението, кое зафати илјадници наши браќа во нашата татковина и милиони во целата вселена. Учествувам во агонијата, болката и стравот на сите, дека со вера во нашиот Бог сите ќе одолееме (на ова искушение – з.п.)“, им изјави архиепископот на своите блиски соработници малку пред неговото хоспитализирање. Тој нагласи, дека свештен долг за сите нас е да ги почитуваме правилата и мерките на компетентните здравствени државни органи и да го заштитиме човечкото здравје и животот како главно богатство.

Напомнуваме, дека и Архиепископот на Албанија г.г. Анастасиј исто така се лекува во Евангелисмос, објавија на официјалниот сајт на Атинската Архиепископија.

Извор: Ἱερὰ Ἀρχιεπισκοπή Ἀθηνῶν


 

Donate to Doxologia Infonews

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

 

Follow us on Facebook page: @doxologiainfonews

 

Join our Facebook group: @doxologiainfonews.group

 

Follow us on Twitter: @doxologiainews

 

Follow us on Instagram: @doxologiainfonews

 

Follow us on ВКонтакте: @doxologiainfonews

 

Join our Telegram channel: @doxologiainfonews

 

Subscribe to us on YouTube: @doxologiainfonews