Аристидис Викетос до Митрополитот на Тамасос Исаија: Отидете и станете дел од Московската Црква, за видите што е тоа „синодско управување“

На фотографијата: Митрополитот на Тамасос Исаија со руска бела панакамилавка и руска мандија - чин, кој создаде одбивност кај многу верници во неговата митрополија

In other languages: GRBG

Автор: Аристидис Викетос

Превод: Методиjа Петрески

Митрополитот на Тамасос и Орини Исаија со изјави, туѓи на православната еклисиологија и предание на нашата Црква, продолжува да ги објавува своите критични изјави во однос на актот на архиепископот на Кипар г.г. Хризостом II за спомнување на Митрополитот на Киев и на цела Украина г.г. Епифаниј како канонски поглавар на Автокефалната Православна Црква на Украина (ПЦУ).

Тој ги следи како Божји заповеди позициите на Московската Патријаршија и на Волоколамскиот Митрополит Иларион (Алфеев)BG, кој ги повика кипарските јерарси на непослушност кон архиепископот ХризостомBG приакжувајќи се „поголем цар од самиот цар“ митрополитот на Кикос Никифор. И двајцата (митрополитите Исаија и Никифор – з.п.) имаат за советник еден почесен професор на Солунскот универзитет, кој како предавач на катедрата по пастирско и социјално богословие на Богословскиот факултет, се занимава со Новиот Завет, но не и со канонското право. Следствено, тој не може да излегува и да коментира како специјалист за прашања поврзани со канонското право.

На фотографијата: Двајцата кипарски митрополити на Тамасос Исаија и на Кикос Никифор, кои се со крајни руски погледи, дури до болна состојба

Во своите изјави пред неколку дена на кипарската државна телевизија RIK, митрополитот на Тамасос изјавиGR, дека не можат (се разбира, дека се има предвид самиот тој и митрополитот на Кикос, бидејќи митрополитот на Лимасол не излегол со слична изјава) да учествуваат во Синод, кој „ќе го легализира“ актот на Неговото Блаженство, кој тој го определи заедно со сето останато како „лукаво и катастрофално“.

Митрополитот на Тамасос и сите оние, кои ги делат неговите погледи, треба одговорно да одговорат на следните прашања:

  1. Одговорност ли е, или не е одговорност на секој еден претстојател и поглавер да соработува и да се хармонизира со канонските дејствија на Вселенската Патријаршија?
  2. Дали Синодот на Кипарската Црква може да расудува за решенијата на друга Црква, а уште повеќе на Великата Христова Црква (Вселенската Патријаршија – з.п.), кои дури и не спаѓаат во доменот на црковните прашања на Кипарската Црква?
  3. Кој Собор, дури и Вселенски, бара од учесниците да се одречат од своите ставови пред да отидат да учествуваат во него?
  4. Со какво право, врз основа на кој канон, на кој историски аспект од традицијата, го обвинувате поглаварот на Кипарската Црква, чие име вие го спомнувате на Божествената Литургија, за неговото решение да го следи примерот на своите претходници и да дејствува точно како нив, т.е. во случајот со објавувањето на автокефалијата, кога директно и лично испраќале писма, со кои се солидаризирале и поистоветувале со Вселенскиот Патријарх?
  5. Зошто го искористувате великодушието на архиепископот да го разгледува прашањето во Синодот, кога тој можел директно сам да го реши?

Истакнувам, дека Лимасолскиот митрополит Атанасиј, дури и да го потпишал општото соопштение со датум од 24.10.2020 заедно со митрополитот на Кикос Никифор, митрополитот на Тамасос Исаија и со Аматунскиот епископ Николај, упатено против Кипарскиот Архиепископ, тој се држи поблагоразумно. Истото важи за Аматунскиот епископ Николај. Обратното може да се каже за митрополитот на Кикос и митрополитот на Тамасос, кои изгледа се раководат од директните заплашувања за схизма (во Кипарската Црква – з.п.), нешто кое само ќе предизвика едно поведение, насочено против Црквата и нејзиното предание.

Митрополитот на Тамасос има право да не се согласува со преданието на Православната Црква и со Вселенската Патријаршија. Но, нема право да обвинува, да клевети и да се обидува да ги унижи прерогативите (привилегиите) на Вселенската Патријаршија и на Кипарскиот Архиепископ. (Тогаш, нека се сети, дали Фанар беше добар, кога го молеа да се замеша и да го прогласи архиепископот престол за овдовен, за да се организираат избори, бидејќи блаженопочинатиот архиепископ Хризостом I боледуваше).

Не си играјте со единството на Кипарската Црква, Вие, кои носите бела панакамилавка, руска мандија и изградивте, спротивно на кипарската традиција и црковното градителство еден луксузен храм со луковични куполи (руски кич стил, кој противречи на византиската христијанска црковна традиција – з.п.)

Бидејќи архиепископот Хризостом II го наруши, како што тврдите, синодалното (соборното) управување, може да си земете канонски отпуст од Црквата на Кипар, за да појдете во Русија и да се причислите во Московската Црква. Таму ќе видите вистински, што означува синодско управување! (Московската Патријаршија е пример за полно отсуство на синодско управување, затоа што таму патријархот Кирил управува самостојно, спротивно на свештените канони – з.п.)

Извор: Ρωμαλέω Φρονήματι

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal