Украинскиот претседател за време на посетата во Фанар го покани Вселенскиот Патријарх да ја посети Украина | VIDEO

In other languages: UKR – EN – RUS – GRBG

За време на работната посета во Република Турција, претседателот на Украина г. Володимир Зеленски и неговата сопруга Олена учествуваа во молебенот за здравје, спасение и мир во Украина, при посетата на Патријаршискиот храм на свети Георгиј во Фанар. Молебенот беше отслужен од НВП Митрополитот на Галија г. Емануил. Потоа, претседателот и првата дама се сретнаа со НБСС Вселенскиот Патријарх г.г. ВартоломејBG во салата за аудиенција на Вселенската Патријаршија.

Патријархот се заблагодари за посетата на претседателската двојка во Мајката Црква, кое по неговите зборови, „носи голема радост“, одбележа, дека е утешен од фактот, дека во Украина постепено доаѓа мирот.

Претседателот се заблагодари на Неговата Божествена Сесветост за неговата безусловна лична поткрепа за суверенитетот и територијалната целост на Украина, независноста, како и за целата поддшка, која патријархот ја укажува на Украина.

За време на средбата од страна на Вселенската Патријаршија присуствуваа: Неговото Сесвјатејшество, Високопреосвештените митрополити: на Филаделфија г. Мелитон, на Галија г. Емануил и на Силиврија г. Максим, наречениот и избран епископ Комански г. Михаил – егзарх на Вселенската Патријаршија во Киев и неговото високопреподобие великиот протосингел архимандрит г. Андреј, како и блиските соработници на г. претседател. Г. Зеленски изјави, дека за втор пат ја посетува катедрата на Мајката Црква и чувствува голема радост поради тој факт.

Чувствуваме, дека вие ни ги носите чувствата на љубов, почит и преданост на целиот украински народ кон Мајката Црква Константинополска, од која сте го добиле просвештението на Христијанството, и која секогаш ве гушкала со мајчинска љубов и постојана молитва“, изјави Вселенскиот Патријарх, додавајќи „Искажување на овие чувства на Мајката Црква беше и давањето на автокефалија на Црквата на Украина, која гледаме, дека напредува, процветува и ние се гордееме со тоа. Ние ги следиме насоката и делата на нашиот брат Неговото Блаженство Митрополитот Епифаниј и благодариме на Бога, зашто се избра најдобриот и тој е достоен поглавар на вашата Црква“.

Благодарен сум за сето она, кое сте го направиле и го правите за Украина. Таква поддршка по патот на мирот е важна за нас. Украина е топла и пријателска. Голема радост за сите е, да Ве поканиме да ја посетите Украина, посета која е многу важна за нас“ – изјави г. Володимир Зеленски.

Патријархот одбележа, дека и за него е радост да ја посети Украина, откако ќе се стабилизира епидемиската состојба. Двете страни заклучија дека триесетгодишнината од независноста на Украина е можен датум за посетата (24 август 2021 – з.п.)

Володимир Зеленски изјави, дека ситуацијата во Донбас била подетално разгледана за време на средбата со Неговата Сесветост лице в лице.

Тешко е, но има чекори напред. Пред Вашето пристигање, ќе имаме можност да продолжиме напред по патот кон мирот. И најважно е за затворениците во Донбас, во Крим и во Русија. Тие навистина сакаат да се вратат дома“ – нагласи претседателот.

Сакам со целото свое срце, сакам да ја сопрам болката на семејствата, чии роднини се во ропство“ – извјави Неговата Божествена Сесветост.

Двајцата собеседници ги разгледаа и понатамошните чекори за засилување на соработката меѓу Украина и Вселенската Патријаршија.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј им врачи подароци за спомен на претседателската двојка.

Тоа е втората посета на претседателот Володимир Зеленски во Вселенската Патријаршија.

Извор: ПРЕЗИДЕНТ УКРАЇНИ | ВОЛОДИМИР ЗЕЛЕНСЬКИЙ & Οἰκουμενικὸν Πατριαρχεῖον

Символично и значајно е, дека посетата на претседателот на Украина Володимир Зеленски во Турција започна со посетата на Фанар – катедрата и срцето на Константинополската Вселенска Патријаршија и средба со Неговата Сесветост Патријархот Вартоломеј“ – напиша на Facebook  профил Андриј Јураш.

✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎