Свештениот Бигорски Манастир ја отпразнува илјадагодишнината од своето основање | Видео и фотографии

In other languages: BG

Превод: Методиjа Петрески

Денес, 18 октомври 2020 година – Бигорскиот манастир Свети Јован Крстител (Црква во Северна Македонија) ја одбележа илјадагодишнината од своето основање.

Од 09:00 ч. беше отслужена Божествена Архијерејска Литургија од страна на архиепископот на Охрид и на цела Република Северна Македонија г.г. Стефан, во сослужение со јерарсите од Свештениот Синод на Црквата во Северна Македонија, која моментално е во процес на подигање на схизмата наметната од Српската Патријаршија, процес ќе го отвори патот за добивање на Томос за автокефалија од Мајката Црква – Вселенската Патријаршија.

По Божествената Литургија, Преосвештениот Антаниски епископ г. Партениј, кој е игумен на Бигорскиот Манастир, како и претседателот на Република Северна Македонија г. Стево Пендаровски се обрнаа кон присутните со пригодни слова.

Потоа митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј и епископот Антаниски Партениј, ги наградија со грамоти и ордени Архиепископот Стефан и заслужни лица и организации, кои допринесле за благолепието на Бигорскиот Манастир и за неговата евангелско-просветна мисија.

Поради настанатата пандемична ситуација со коронавирусот, целата програма се спроведе на отворено во дворот на манастирот, каде беше монтиран и видеобим.

На неколку места имаше дезинфекциони средства, а носењето на маски и пазењето на физичкото растојание беа задолжителни. Сите противепидемични мерки се пазеа од верниците и од духовниците.

Од Doxologia INFONEWS го поздравуваме Архиепископот на Црквата во Северна Македонија, јерарсите од Свештениот Синод, игуменот и братството на Бигорскиот Манастир по повод нивниот празник, пожелувајќи им здравје и благоденствие.

Како што сега нашите браќа и сестри ја празнуваат илјадагодишнината од основањето на Бигорскиот Манастир, така се надеваме дека скоро сите ќе го празнуваме добивањето на Томос за автокефалија од Неговата Божествена Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј I, на ист начин, како што празнувавме и се радувавме сите за автокефалијата на Православната Црква во Украина (ПЦУ), која го доби својот Томос на 5 јануари 2019 г.

Нешто, кое ни остави впечаток е, дека во Република Северна Македонија се зачувани византиското богослужение, византиското пеење и византискиот дух, кои всушност се вистинска традиција на Едната, Света, Соборна (Вселенска) и Апостолска Црква. Богослужбата во Бигорскиот Манастир личеше на богослужба отслужена некаде во Грција, што за нас е голема радост. Слава Богу, што Црквата во Северна Македонија не потпаднала под влијание на руските оперски песнопеења и хистеричните врескања, како и од предложената од Русија еретичка еклисиолошка идеологија.

Имајте трпение и љубов, мили наши браќа и сестри во Северна Македонија. Веруваме, дека во најскоро време Мајката Црква ќе ве прегрне во својата прегратка, и вие ќе ја почувствувате нејзината безусловна и силна љубов, а потоа ќе се оствари и вашата најпосакувана желба – да имате Томос за автокефалија и така да станете во Диптисите седумнаесетта по ред помесна Православна Црква.

Забелешка на преводот: Текстот го има составено редакцијата без никакви сугестии од страна на преведувачот, но се приклучува кон честитките и добрите желби по повод овој голем јубилеј.

Источник на снимки и видео: Бигорски Монастир

✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎