Послание на Вселенскиот Патријарх на Меѓурелигиозниот форум Г-20 (Ријад, 13 – 17 октомври 2020) | VIDEO

In other languages: BGGREN

Превод: Методиjа Петрески

Послание на Вселенскиот Патријарх на Меѓурелигиозниот форум Г-20 (Ријад, 13 – 17 октомври 2020)

Ваши Преосвештенства,
Ваши Величества,
Го благословуваме почетокот на работата на овогодинешниот Меѓурелигиозен форум Г-20, кој се оддржува од Ријад, во Кралството Саудиска Арабија од 13 до 17 октомври оваа година. Ги цениме заложбите на властите на Саудиска Арабија, да обезбедат отворен простор за меѓурелигиозен и меѓукултурен дијалог и да бидат домаќини на ова одлично онлајн собрание.

Меѓурелигиозниот форум Г-20 претставува исклучителна можност за политичките лидери да се соберат, за да ги обмислат политичките иницијативи на глобално ниво, за да можат да се исползуваат од влијанието на најголемите економии во светот. За нас беше привилегија да ве поздравиме по повод минатите форуми поздравувајќи ги организаторите за привлекувањето на толкаво учество од религиозни лидери, државни службеници, академици и експерти во граѓанското општество. Се радуваме што гледаме, дека значително внимание во програмата секогаш било посветено на еколошките проблеми, како на пленарните, така и на паралелните сесии.

Само би сакале да бидеме таму и физички, знаејќи и ценејќи ја штедроста на нашите домаќини од Саудиска Арабија, кои искрено се надеваа, дека ќе можеме да учествуваме во таков историски форум. За жал оваа година, ситуацијата е поразлична од секогаш, поради пандемијата од Ковид-19. 2020 година претставуваше многу тежок период за многу луѓе, поради коронавирусната болест. Ние сме исклучително натажени, станувајќи сведоци на тоа, дека многу луѓе починаа, дека таа нова ситуција ја зголеми разликата меѓу богатите и сиромашните, ги усложни здравствените услуги, и ја отежна достапноста до основните потреби на храна, вода и засолниште.

Исто така одново станавме сведоци на ситуацијата со многу емигранти, бегалци и азиланти, кои ги губат своите животи во Средоземното Море и претрпуваат многу неволји. Во Библијата се вели: „А кога страда еден член, тогаш страдаат сите членови; и кога се слави еден од членовите, тогаш со него се радуваат сите членови(1 Коринтјани 12:26).

Таквите скоро секојдневни сцени продолжуваат да повикуваат на вистинска солидарност. Јавните зборови треба да бидат претворени во јавни дела, следејќи го евангелскиот расказ за добриот Самарјанин. Централната точка на нашето православно богословие е заштитата на човечкото достоинство, одразено во нашата природа како суштества, создадени по образ и подобие Божјо. (Битие 1:26)

VIDEO MESSAGE by His All-Holiness Ecumenical Patriarch Bartholomew at the G20 Interfaith Forum (Riyadh, October 13-17, 2020)

VIDEO MESSAGE by His All-Holiness Ecumenical Patriarch Bartholomew at the G20 Interfaith Forum (Riyadh, October 13-17, 2020)

Публикувахте от Ecumenical Patriarchate в Вторник, 13 октомври 2020 г.

Би сакале да им напомнеме на сите, кои сега присуствуваат на сесијава, дека човечкото достоинство нема боја, пол, возраст, етничка припадност или религија. Секој има една и иста вредност и затоа треба да се осигура почит и исто третирање на човечките лица во секое време и на секое место.

Годинава сме сведоци и на порастот на движењето „Црните животи се важни“(Black Lives Matter) во САД. Ние застануваме заедно со црнокожите луѓе и луѓето со обоена кожа по целиот свет, за да ја утврдиме дадената од Бога бескрајната вредност на секое човечко суштество, кое не можра да биде сведена до пазарна вредност, до едноставно еден производ за размена. Кажано според зборовите на познатиот философ: „се` има или цена или достоинство. Тоа, што има цена, може да биде заменето, тоа, што од друга страна, е возвишено над сите цени и следствено не признава еквивалент [а тоа е човечката личност], има достоинство“.

Би сакале да ја искористиме оваа можност за да го издигнеме гласот против структурните нееднаквости, против секоја форма и израз на расизам, етноцентризам, трибализам, кастизам и класизам. Создавачите на политики и тие, кои применуваат политика, треба да знаат, дека ние повикуваме кон нулова толерантност кон несправедливоста и кон секоја друга форма на дискриминаторска пракса.

Исто така сакаме да го изразиме и своето задоволство, гледајќи, дека организаторите решиле да се справат со прашањето на зазачувување и заштита на религиозното и културното наследство. Треба да разбереме и запомнеме, дека свештените места се тесно поврзани со нашиот религиозен идентитет и благочестие. За жал, од искуство сме доживеале, таквите ценети места да можат да се претворат во оружје или цел за распространување на етничка и верска нетрпеливост. Поради таа причина треба да се обидеме да ја насочиме солидарноста, толерантноста и соработката, изградбата на мостови, отвореноста и довербата. Заедно со зголемување на свеста и чувствителноста на совеста, ние сме повикани да започнеме конкретни заеднички иницијативи и дејства. Вистина, неопходна е посилна мобилизација за делување за сите нас.

Ете, зашто ние настојуваме учесниците на овој форум, да го поткрепат „планот за делување на ООН за заштита на религиозните објекти“, би сакале исто така да го охрабриме изготвувањето на политички препораки, кои ќе ја нагласат взаемната зависност како меѓу заштитата на верското и културното наследство, така и засилувањето на взаемното разбирање, почит и зближување меѓу религиите. Сето тоа ја намалува можноста за опасен судар меѓу цивилизациите и го отстранува неоправданиот сомнеж меѓу народите со различно религиозно и културно потекло, кое на тој начин допринесува за пат кон мирот, основан на праведност и солидарност.

Јасно ни е, дека е комплексно управувањето со свештените објекти на неконфликтни начини, но силно веруваме, дека нашите религиозни и културни споменици можат да функционираат како животоважни почетни точки за искрен дијалог. Тие осигуруваат места, каде соседите, граѓаните и народите можат да се обединат на полезни начини. Следствено ќе постигнете нешто вистински важно, ако успеете да разработите многу добри препораки за политиката, кои можат да бидат од полза дури и за економиите на Г-20 за потпомагање на зголеменото качество на животната средина, како и за одржлива заштита на верскиот идентитет и на културното наследство ширум светот.

Во тој дух ви посакувам продуктивни дискусии и вдахновени резултати. Ќе разгледувате прашања со огромни последици за нашата планета, за нашиот заеднички живот, за човештвото и за неговите духовни вредности. Ги испраќаме нашите најтопли поздрави и молитви, и ви посакуваме успех.

Ви благодарам за љубезното внимание.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal