Начало » Other languages » Македонски » Охридскиот Архиепископ испрати сочувство до Српскиот Патријарх за упокојувањето на Црногорскиот Митрополит Амфилохиј

Охридскиот Архиепископ испрати сочувство до Српскиот Патријарх за упокојувањето на Црногорскиот Митрополит Амфилохиј

In other languages: BG

До
Неговата Светост,
Архиепископот Пеќски,
Митрополит Белградско-карчовачки и
Патријарх Српски
г. г. Иринеј

Ваша Светост,

Нѐ натажи жалната вест за упокојувањето на Високопреосветениот Архиепископ Цетињски и Митрополит Црногорско-приморски, Амфилохиј.

Дозволете ми во Наше име, во името на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (САС на МПЦ-ОА), на свештенството, монаштвото и на сите верни чеда, да изразам искрено сочувство и братско сострадание во болката на сестринската Српска православна црква (СПЦ), на Црногорско-приморската митрополија и на сите коишто го почитуваа Митрополитот Амфилохиј. Неговата богољубива личност и дело одбележа една светла страна во поновата историја на Српската Црква. Овој јерарх Христов беше сведоштво за изобилното излевање на даровите на благодатта на Светиот Дух и ќе биде запаметен не само како пастир добар, туку и како врвен професор и педагог, за што и самите посведочуваме како негов студент, но и посветен богослужител, просветен теолог, даровит беседник, грижлив отец на својот народ, монахољубив епископ…

Господ Исус Христос, Кој е воскресение и живот, нека ја упокои душата на новопретставениот Митрополит Амфилохиј во населбите на праведните, меѓу хоровите на светителите, а на сите коишто тагуваат за него, нека им се дарува оправдана утеха и сигурна надеж во воскресението.

Бог да го прости и нека му дарува Царство Небесно!

АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И MАКЕДОНСКИ
г.г. СТЕФАН

Извор: МПЦ-ОА

Support Doxologia Infonews to continue receiving quality church, religious news

Donate to Doxologia Infonews. Your support is invaluable to us. Thank you!

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46BPBI88984030687601

or through PayPal