На 21 октомври 2020 ќе се отслужи опелото на блаженопочинатиот митрополит на Италија и Малта г. Генадиј

In other languages: ITGRBG

Превод: Методиjа Петрески

Свештената Митрополија на Италија и Малта излезе со прессоопштение за датумот на поклонението и опелото на блаженопочинатиот од рак Митрополит на Италија и Малта г. Генадиј. Поклонението и опелото ќе бидат во соборниот храм на свети Георгиј на Грците во Венеција. Потоа, блаженопочинатиот митрополит ќе биде погребан во гркоправославните гробишта во Венеција.

ПРЕССООПШТЕНИЕ

Програма за опелото и погребот на секогашспоменуваниот митрополит на Италија и Малта Генадиј:

1. Вторник, 20 октомври, 14:00 – 15:30 ч.:

Поклонение пред свештените остатоци во параклисот на болницата Санти Џовани и Паоло (свети Јован и Павле) во Венеција (Cappella di San Lazzaro dei Mendicanti).

Потоа останките ќе отпатуваат во свештениот соборен храм на свети Георгиј на Грците во Венеција, каде ќе се изврши читањето на Светото Евангелие и бдението.

2. Среда, 21 октомври, 10:00ч.:

Ќе започне служењето на опелото во свештениот соборен храм на свети Георги на Грците(San Giorgio dei Greci) во Венеција, проследено со погребение во гркоправославните гробишта, дел од гробиштата Сан Микеле во Венеција.

Венеција, 17 октомври 2020г.

Од Свештената Митрополија на Италија и Малта.

Извор: Ὀρθόδοξος Ἱερά Μητρόπολις Ἰταλίας καὶ Μελίτης | Sacra Arcidiocesi Ortodossa d’Italia e Malta

✎ КОМЕНТАРИ • COMMENTS ✎