Митрополитот на Александрополис со коментари за Московската Патријаршија, Украина, Северна Македонија, носењето маски, коронавирусот и екуменизмот | VIDEO

In other languages: GRBG EN

Превод: Методиjа Петрески

Во интервјуот за Тhrakinet TV Channel, Високопреосвештениот Митрополит на Александрополис г. Антим (Грчка Црква) ги коментира различните прашања и проблеми со кои се соочува Православната Црква, како на меѓународно ниво, така и на помесно.

Александруполскиот митрополит г. Антим: „Црквата сака да спречи историјата да биде натоварена со горчината на едно нечовечко поведение, во однос на едно Божјо искушение. Црквата треба да биде искушана за да ја видиме љубовта која ја имаат клириците и верниците во Црквата кон своите ближни. Црквата препорачува да се запазуваат мерките, за да може да остане во историјата, дека направила сѐ за да го спрече распространувањеро на оваа опасност“.

Замолен да ги искоментира мерките спроведени од државата (Грција з.п.) против коронавирусот во црквите, како и тоа како се справуваат верниците со сето тоа, митрополитот на Александрополис изјави:

Сите овие состојби се тешки, но нема друго решение. Треба да го уважаваме тоа, кое се кажува и да го почитуваме, колку и да е тешко и прекумерно“, додавајќи, дека „треба да се избегнуваат секакви несоодветни ставови и забелешки, за да можеме сите да помогнеме, да се намали распространувањето и да нема жртви. Голема тешкотија за нашата душа е да допринесеме, дури и неволно, еден човек да го загуби својот живот“.

Запрашан дали оваа криза повторно го покажува конфликтот меѓу богословието и науката, митрополитот Антим појасни, дека:

Нема конфликт меѓу науката и богословието. Науката многу правилно го толкува својот предмет на познание и ние многу правилно ја толкуваме љубовта кон Бога и ако двете не ги толкуваме правилно и паралелно, тогаш допуштаме очевиден судир (конфликт з.п.). Потоа, тој објасни, дека „тоа, кое богословието го кажува за Бога, се слуша од луѓето, и тоа, кое го кажуваат научниците го слушаат богословите, клириците и сите му се потчинуваат“.

По повод обидот на некои свештеници да ги поттикнуваат верниците во храмовите да не носат маски, г. Антим забележа, дека:

Таков свештеник не е отец, кој се грижи за своето стадо, тој потег е целосно против науката и луѓето“. Тој додаде, дека „ако нешто лошо се случи со еден од оние, кои се доверуваат на тој клирик и му се во послушание за тоа, кое го кажува и им се случи нешто лошо, тогаш каков одговор тој ќе даде на Бога, за она што станало со човекот, да се измачува со интубации или дури и да умре?

Запрашан како го прима фактот, дека некои јерарси имаат ист однос поставувајќи ја под сомнеж науката и користењето на маската, митрополитот Антим одбележа:

И ние, митрополитите, се бориме да ја разбереме својата вера, да се задлабочиме во неа и да ја живееме. Навистина има митрополити, кои во почетокот кажуваа да не се носат маски, а потоа самите тие се разболеа од коронавирус“. Тој додаде, дека „дури и светогорските монаси не ја разбраа големината на проблемот, ниту ги осознаа медицинските факти и во почетокот кажуваа непримерни нешта, но сега тие кажуваат: «Ве молиме, слушајте ги научниците (докторите з.п.)»“.

Во однос на движењето против маската, кое постои во училиштата, г. Антим забележува:

Тоа е погрешно. Просветните работници, учителите и предавачите можат да се справат многу правилно и сериозно со таа (појава з.п.), но да се кажува, дека маските се нешто непотребно, е несериозно. Тоа е неодговорно и крие огромни опасности“.

Со намерата за да ја заштити позицијата, која Грчката Црква ја зазема преку целото време (на пандемијата – з.п.) со своите решенија, митрополитот на Александруполис изјави:

Црквата сака да спречи историјата да биде натоварена со горчината на едно нечовечко поведение, во однос на едно Божјо искушение. Црквата треба да биде искушана за да ја видиме љубовта која ја имаат клириците и верниците во Црквата кон своите ближни. Црквата препорачува да се запазуваат мерките, за да може да остане во историјата, дека направила сѐ за да го спрече распространувањеро на оваа опасност“.

По повод ставовите на некои, дека сето ова, кое се случува денес, се должи на фактот, дека ние Православните, сме станале екуменисти и не ја следиме правата вера, г. Антим забележува:

Должни сме да разбереме, дека Црквата е Црква, кога се отвора. Христос не ја задржа Црквата во границите на Јудаизмот, како што сакаа некои апостоли. Така и денес, од тоа отворање, некои луѓе се плашат и кажуваат, дека треба да останеме затворени како острига, внатре во себеси, да не би некои луѓе да ни ја уништат верата. Верата не ја одржувам ниту јас, ниту кој и да е Синод. Црквата ја одржува самиот Христос. Се плашам ли, дека Он нема да ја зачува верата наша недопрена? Црквата се отвора и денес, за да ги земе сите луѓе во својата прегратка и за да ги воцркови, без да прави отстапки од својата вера и практика. Тоа е нејзината улога“.

Во однос на давањето на Томос за автокефалната Православна Црква во Украина и судирот, кој постои меѓу одредени христијани, митрополитот на Александруполис коментира вака:

Би ги посоветувал Христијаните да се интересираат повеќе за своите души и помалку за геополитиката. Ние не сме политичари, ниту дипломати, а верни луѓе. Сето тоа постои како политичко и геополитичко движење, каде Црквата е должна да земе и таму, некои решенија, но тие не ги тангираат Христијаните“. Тој додаде исто, дека „за жал тоа едно искушение за нашите христијни, кои место да се молат, место да љубат, бараат такви геополитички, политички, економски, дипломатски случувања, за да се разделуваат меѓусебно“.

На друго прашање на новинарите за тоа како Црквата се справува со обвиненијата на некои луѓе за потпишувањето на решенијата на Светиот и Велик Собор во Крит, г. Антим изјави:

За мене е чест и голем благослов, дека на тој Собор беа сите Православни Цркви. Се разбира, некои не сакаа да дојдат и имаат одговорност пред црковната историја, за кое подоцна жалеа (се покајаа – з.п.). Тој Собор беше голем благослов за нас православните, бидејќи после 1000 години Божјата благодат нѐ удостои да спроведеме таков Собор“.

Во однос на обидите на Московската Патријаршија да го постави под знак прашање екуменичноста (универзалността, вселенскостта – з.п.) на Вселенската Патријаршија и да претендира на православно првенство, митрополитот на Александруполис, забележа:

Нас Грците целата таа тактика многу нѐ повреди, т.е. тоа дека Руската Црква ја повлече на своја страна политиката на Русија, обидувајќи се да ја збрише Вселенската Патријаршија, односно да го отфрли црковниот ред, кој постои 2000 години и да го прими првенството на вселенкостта на Православието“, истовремено посочувајќи дека „тоа не е православно и не може да биде искористено како политички лост и на геополитички начин. Ако се отфрли овој свештен ред, кој суштествувал толку години, ќе биде збришано целото Православие, зашто сите народи ќе бараат првенство“.

Во однос на прашањето поврзано со Црквата во Република Северна Македонија, митрополитот Антим, сакајќи да заземе позиција, забележа дека:

Ќе видиме, што ќе реши Бог, и на каде ќе одат нештата; и тие Христијани се православни. Ние ја имаме нашата чувствителност (по тоа прашање – з.п.), сепак тука се бара благородство и евангелско делување и однесување, а не жестокост, полемика, омраза и зло“.

На крајот од своето интервју водителите побараа од Митрополитот на Александруполис да ја коментира причината, поради која Црквата ги преведува некои од црковните текстови на новогрчки јазик, за кое г. Антим одговори:

Понекогаш сме принудени да ги кажуваме и на новогрчки, зашто, жалам кажувајќи, дека денес, малите деца не учат старогрчки јазик. И така, како да говориме туѓ јазик во Црквата? Се надевам, дека нешто ќе се промени и Грците ќе си ја зачуваат таа богата лулка на нашата култура – таа на старогрчкиот јазик. Дотогаш нека ни дозволат нашите храмови да функционраат како центри за обучување, за да можат помалите деца, да го научат тоа, кое го говориме во Црквата“.


Белешка на преводот:

Старогрчкиот јазик во Грција се изучува во први клас гимназија то последниот клас на лицејата. Според македонскиот образовен систем од 7. одделение до 4. година. Децата во основното училиште не учат старогрчки јазик, затоа и тие не ги разбираат богослужбите на таа возраст. Има предлог изучувањето на старогрчкиот јазик да започне од 3. одделение во основното училиште.

За жал во Северна Македонија во образовниот систем има место за сите јазици освен за старословенскиот или црковнословенскиот јазик. На децата им се наметнуваат туѓи јазици уште од градинка, но за својот историски јазик нема место.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal