Коронавирусен скептицизам, фанатизам и патолошка религиозност – Телмиски архиепископ Јов (Геча)

In other languages: ENBG

Автор: Телмиски архиепископ Јов (Геча)1

Превод: Методиjа Петрески

Пандемијата на коронавирусот, која го потресе светот последните девет месеци, откри различни форми на фанатизам. На прво место, таа ги разоткри скептиците за коронавирусот. Често повикувајќи се на секакви теории на заговори, тие вообичаено го отфрлаат научниот дискурс, повикувајќи се на правата на човекот, но нивниот однос е повеќе индивидуален, отколку колективен, на ист начин како што тие повеќе мислат за својата егоистична слобода, отколку за благосостојбата на општеството. Тие ги отфрлаат здравствените ограничувања, наложени од граѓанските власти, за заштита на населението, како носењето на задолжителните маски, истовремено оспорувајќи ја неопходноста од масовни вакцинации. Во последните месеци, во различни делови на светот видовме неколку јавни демонстрации спроведени од такви скептици за коронавирусот.

Некои скептици за коронавирусот имаат повеќе магичен приод, имајќи предвид, дека нивниот статус или нивната вера не се засегнати од вирусот. Тоа беше забележано во различни светски религии. На тој начин, коронавирусниот скептицизам често се поврзува со религиозниот фанатизам. Таквите фундаменталисти сметаат, дека нивното место за религиозно поклонение на некаков си чудесен начин е заштитено од вирусот и следствено на тоа, тие не се обеспокојуваат од здравствените ограничувања, наложени од граѓанските власти, кои ги игнорираат. Тие го критикуваат замешувањето на државата во нивната религиозна практика, и покрај тоа што се прави за општото добро. За жал, коронавирусот не запира поради религиозните убедувања, па сме сведоци на тоа како некои синагоги, џамии, храмови, цркви и манастири ширум светот се претвораат во кластери за ширење на болеста и така се шират болестите и дури и смртта на многу луѓе во целото општество. Во овој случај религијата, од некои други фанатици е прикажана како опасност за општеството.

Во меѓувреме во Франција, дури се спроведува судскиот процес по повод исламистичкиот напад (терористички акт з.п.) од јануари 2015 врз сатиричниот неделник Шарли Ебдо, кој во минатото објавуваше провокативни карикатури на пророкот Мухамед, во исто време маж рани двајца во Париз на 25 септември 2020 г. Овие напади се насочени кон бившите канцеларии на списанието, кое скоро ги препечати старите карикатури. Се разбира, повторното печатење на тие цртежи може да се гледа како недостаток од почит и дури богохулие за некои луѓе и дефинитивно остава лош впечаток. Тоа веднаш создава судир меѓу тие, кои се стремат за исклучителна слобода на зборот, и оние, кои ги обвинуваат своите соперници за богохулство. Така настанува конфликт меѓу две форми на фанатизам: меѓу световната и религиозната форма, која само создава омраза меѓу луѓето и која е одговорна за трагичната смрт на невините.

Како што гледаме, пандемијата на коронавирусот покажува, дека светот сè уште не е ослободен од фанатизмот. Швајцарскиот психијатар и психоаналитичар Карл Густав Јунг (1875-1961) велеше, дека „фанатизмот е секогаш присутен брат на сомнежот“. Соред него „фанатизмот се среќава само кај оние, кои треба да ги потиснат тајните сомнежи“ и поради таа причина тој дури смета дека „обратените (конвертите, оние кои примаат нова вероисповед з.п.) секогаш се полоши фанатици“. Светиот и Велик Собор на Православната Црква (Крит,2016 г.) нè предупреди за опасностите од религиозниот фундаментализам: „Изливот на фундаментализам во религиозните заедници се заканува да создаде претстава, дека фундаментализмот припаѓа на суштината на феноменот на религијата. Вистината всушност е, дека фундаментализмот, како «ревност, која не се заснова на сознанието» претставува израз на болна религиозност“. (Јас им сведочам дека тие имаат ревност за Бога, но не по разумот (сознанието). Рим.10,2; Енциклика,17).

Подобриот свет очекува од нас соработка, место конфронтација, дијалог место идеологија. Религијата и науката треба да работат рака под рака за благосостојбата на човештвото. Религиите и државите треба да се соработници за правда, мир и здравје на луѓето. Секоја форма на фанатизам, независно дали тој е религиозен или световен, треба да биде искоренет преку образование и дијалог, за да се изгради светот потоа (по Ковид-19 з.п.). Кризата со коронавирусот е дадена можност, за одолевање на нашиот индивидуализам и егоизам (самољубие), преку негување на алтруизам (човекољубие) и споделување. Тоа треба да е повод да помислиме за другите, да се погрижиме за благосостојбата на ближниот, да споделиме со оние кои имаат потреба, да помогнеме на оние во опасност, да ги заштитиме и запазиме ранливите.

Како што нагласува енцикликата на Светиот и Велик Собор на Православната Црква: „Вистинскиот христијанин, следејќи го премерот на Распнатиот Господ, се жртвува и не ги жртвува другите и поради таа причина е најстрогиот критичар на фундаментализмот од какво и да е потекло. Чесниот меѓурелигиозен дијалог допринесува за развој на взаемната доверба и за развој на мирот и помирувањето“ (Енциклика, 17). Пандемијата откри, дека светот има голема потреба од чувство на хуманост (човечност).


1Архиепископот на Телмисос Јов (во светот Ихор Владимир Геча) е роден на 31 јануари 1974 г. во Монтреал, Квебек, Канада. Неговите родители се украински емигранти. Тој е архиепископ на Вселенската Патријаршија. Претставник е на Вселенската Патријаршија во Светскиот совет на христијанските заедници, како и декан на Институтот за постдипломски истражувања по православна теологија во Шамбези, Женева.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal