Кипарскиот архиепископ: Ќе обезбедиме заедничко сместување за 290 студенти со месечен наем од 250 евра со вклучени трошоци за оддржување, трошоци за вода, струја и интернет | Фотографии

In other languages: GRBG

Автор: Хараламбос Закосbrief.com.cy

Превод: Методиjа Петрески

Кипарскиот архиепископ г.г. Хризостом веројатно, дека ќе го реши проблемот со високи кирии во Лимасол за повеќе од 290 студенти. В понеделник на 5 октомври 2020, првите 200 студенти од Технолошкиот универзитет на Кипар, ќе ги добијат клучовите за собите во луксузниот студентски комплекс Apollonia Students Halls, кој е изграден од Свештената Кипарска Архиепископија.

Студентските домови, кои се наоѓаат во реонот на Цирион се изградени на земјиште, кое припаѓа на Црквата. Вкупата вредност на комплексот надминува 12 милиони евра. На тој начин, домовите ќе помогнат на стотици семејства, кои имаат студенти, да ги сместат своите деца во зграда, каде ќе плаќаат ниски наеми. Тоа ќе помогне за намалување на трошоците за време на нивното образование, изјавија од архиепископијата.

Изборот на студентите се врши врз основа на посебни критериуми, кои се изготвени во соработка со Технолошкиот универзитет.

Поконкретно, собите ќе се издаваат за 250 евра месечно, вклучувајќи во таа сума и средства за тековно оддржување на зградата, струја, вода и интернет. Собите се просторни. Меѓу нив има соби со по две легла, како и специјално проектирани соби, наменети за лица со попреченост. Во домовите ќе има читални, фитнес сали и кафулиња.

Визија на архиепископот Хризостом II и на Кипарската Црква за домовите.

Техничкиот директор во Свештената Архиепископија, г. Стелиос Георгиу даде интервју за Brief, коментирајќи ги ниските кирии и помошта, која се покажува на овој начин за ранливите социјални групи во општеството. Тој го изјави следното:

Сето ова е во рамките на приносот на Црквата кон младите. Тоа е една визија на Архиепископот и на Црквата во Кипар, за поткрепа на социјално загрозените групи во општеството и поспецијално во време, кога наемите во Лимасол се недостапни за голем дел на нашите сограѓани“.

„Тоа се 290 соби во еден современ станбен комплекс, со високо качество (makedonski.info з.п.) и естетика, нешто, кое мислам, дека ќе биде придонес во реонот“, забележува г. Георгиу, дополнувајќи, дека „наемите варираат околу 250 евра и во таа сума се вклучени трошоците за одржување, струја, вода, интернет – сѐ. В понеделник на 5 октомври 2020 ги очекуваме првите нови студенти“:

Треба да одбележеме, дека градежно-монтажните работи на објектот, макар да беа засегнати од пандемијата, целосно беа завршени во рекордно време. Проектот за градба на домот почна минатиот октомври и само за една година новите жители ќе можат да се вселат.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal