Кипарскиот Архиепископ, зазеде позиција за Украина, а Русите и нивните “пријатели“ се раздразнија

In other languages: GRBG

Превод: Методиjа Петрески

Решението на Кипарскиот Архиепископ Хризостом II да ја признае автокефалијата на Православната Црква на Украина има сериозни политички последици. Само три митрополити и еден епископ реагираа поради решението на архиепископот, изразувајќи ја својата раздразнетост од фактот, дека архиепископот Хризостом II не го свика Свештениот Синод, пред да преземе такво дејство. Освен трите митрополити и едниот епископ, како што се очекуваше исто така реагираше и Московската Патријаршија.

Архиеспископот ХризостомBG до скоро се држеше на неутрална позиција по ова прашање (вистински неутрална, за разлика од некои митрополити од Бугарската ПатријаршијаBG, кои сослужуваат со епископи од противканонската Руска Црква во Украина – з.ред.). Решението се поврзува со зголеменото економско и ширечкото политичко влијание на Русија на нашиот остров (Кипар – з.п.) во последните години. Тоа влијание изгледа дејствува и преку Црквата – факт, кој започна да крева тревога.

Црковните кругови изјавија за AlphaNews.live, дека прашање на време е кога ќе биде свикан Свештениот Синод, нагласувајќи, дека и покрај некои реакции, оценката е, дека мнозинството ќе застане на страната на архиепископот по ова прашање. Од таму поставија прашање, што ќе направат трите митрополити (руски агенти – з.ред.), кои денес реагираат, во случај решението за признавање на автокефалијата на Украина да биде потврдено со 8+1 глас од Свештениот Синод.

Реакцијата на Руската Црква беше – предлог архиепископот на Кипар да биде испишан од диптисите на Патријархот Кирил ГундајевBG нешто кое ќе биде разгледано следните денови. Тоа значи, дека архиепископот Хризостом II нема да биде спомнуван за време на божествената литургија од руските свештеници (Патријарх Кирил – з.п.)

Ние се поврзавме со директорот на Кипарскиот центар за истражувања г. Христос Јакову за да добиеме од него одговори на некои основни прашања околу овој проблем.

Што означува во пракса тоа, дека Кипарскиот Архиепископ го спомна Митрополитот Епифаниј?

„Спомнувањето на Епифаниј во пракса означува, дека Поглаварот на Црквата на Кипар ја призна автокефалијата на Украинската Црква, која ја доби својата автокефалија од Вселенската Патријаршија во 2019. До овој момент таа не е призната од некои помесни Цркви, меѓу кои е и Московската Патријаршија“.

Дали требаше архиепископот Хризостом да се консултира со Свештениот Синод пред да го донесе ова решение?

„Тоа не е јасно. Зошто? Вообичаено такви одлуки се носат колективно, но и архиепископот има право да ги донесе сам. До моментов, всушност, праксата беше решението да се носи колективно“.

Што покажува фактот, дека од самиот почеток архиепископот Хризостом ја држеше неутралната позиција и дури беше кажал, дека ќе посредува за доброто на Православната Црква.

„Тоа покажува, дека Црквата на Кипар веќе го признава и се согласува со решението на Вселенската Патријаршија, исто како и со другите Цркви, кои веќе ја признаа автокефалијата на Православната Црква на Украина. Освен тоа има и некои други прашања, кои имаат повеќе заедничко со навлегувањето на Московската Патријаршија во Кипар, нешто кое архиепископот не сака да се става на големо скалило“.

Какви ќе бидат последиците за Кипар? Дали е ова на некој начин политичка позиција?

„Има и политички размер, бидејќи Русите главно го напаѓаат Кипар економски, сега сакаат да го прават тоа и преку Црквата, така осознаваме, дека тоа предизвикува реакции на некои, кои гледаат, дека влијанието на Русија во Кипар се зголемува“.

Кои Патријаршии (автокефални Цркви – з.п.) ја признаа автокефалијата на Украинската Црква?

„Вселенската Патријаршија, Александриската Патријаршија и Грчката Црква. Останатите имаат позиција на исчекување, но постепено ќе врват по разодениот пат на Кипар, како што беше призната и Грузиската“.

Извор: Alpha News Live Κύπρου

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal