Ексклузивно: Митрополитот на Галија за нападот на грчкиот православен свештеник во Лион

In other languages: GR – FR – BG

Превод: Методиjа Петрески

Митрополитот на Галија г. Емануил и Собранието на православните Епископи во Франција (Assemblée des évêques orthodoxes de France) излезе со првата изјава во однос на нападот на грчкиот православен свештеник денес попладне во Лион, Франција.

Дознавме, дека православен свештеник со грчко потекло бил нападнат во Лион. Во овој момент, националните структури на Собранието немаат информации за околностите на овој напад. Собранието на православните епископи има целосна доверба во општинските власти, кои спроведуваат тековна истрага и се очекува резултат од тоа. Православните епископи во Франција, можат само да го осудат овој акт на насилство, кој го загрозува животот и создава несигурна клима“, изјавија во своето заедничко соопштение митрополитот на Галија г. Емануил и Собранието на православните епископи во Франција.

DONATE TO DOXOLOGIA INFONEWS

BANK: Eurobank Bulgaria AD (Postbank)

IBAN: BG46 BPBI 8898 4030 6876 01

or through PayPal